Хас ќе „напаѓа“ со Роман Грожан

Роман Грожан ќе се пресели од Лотус во новиот американски Формула 1 тим, Хас Ф1 за 2016. 29-годишниот Французин, кој е со Лотус четири години и има 10 подиуми во 78 ГП старта ќе биде „лидер“ на првиот американски тим од 1986 година, кој е во сопственост на шефот на НАСКАР тим, Џин Хас и ќе биде снабдуван од моторите на Ферари.

„Пресреќен сум што добив шанса да се тркам во новиот Ф1 тим. Ова е голем нов предизвик за сите нас“, изјави Грожан.



Хас Ф1 покрај тоа што ќе имаат мотори и менувач од Ферари, ќе ја имаат и целосната техничка поддршка на италијанскиот тим, со што Грожан добива шанса во иднина да биде сметан за место во славниот тим.

„Тоа што Џин Хас и луѓето во тимот го изградија за толку малку време е навистина импресивно. Формула 1 е конкурентен спорт и единствен начин за успех е да најдеш нов начин на завршување на работите. Верувам во нивниот пристап и тие веруваат во мене. Возбуден сум за тоа што ме чека во тимот“, додаде Грожан.

Хас Ф1 е првиот Ф1 тим со седиште во САД од Хас Лола во 1985 и 1986 година.

„Сакавме искусен возач кој е способен да го развива болидот, и кој ќе му помогне на тимот да освојува поени со секоја наредна сезона. Го најдовме во Роман Грожан. Во мотоспортот сум долго време и научив рано дека возачот е клучната компонента на секој тим“, изјави сопственикот на тимот, Хас.

Вториот возач на тимот сè уште не е откриен, но се смета дека местото е осигурано за Естебан Гутиерез, мексиканскиот тест-возач на Ферари.

Грожан во моментов вози за тимот на Лотус, кој се наоѓа во голема финансиска криза која би требало да биде решена кога тимот ќе го преземе францускиот производител на мотори, Рено, кои пак, потврдија дека не сметаат на Грожан, иако тој долго време беше пулен на нивната тркачка академија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...