Батон одлучи дека останува во Мекларен!

Тимот на Мекларен-Хонда објави дека Џенсон Батон останува во тимот и за следната Ф1 сезона прекратувајќи ги сите шпекулации околу поранешниот светски шампион.

Ова ќе биде седма сезона за 35-годишниот Англичанец во Мекларен откако се согласи да ја прифати опцијата за втората година од договорот. Претседателот на Мекларен, Рон Денис, вели дека искуството на Батон ќе биде клуч во придвижување на тимот кој претрпува една од своите најлоши сезони во историјата.



„Пресреќен сум бидејќи Џенсон е најискусниот возач во Формула 1 и следната година ќе стане само третиот возач по Рубенс Барикело и Михаел Шумахер, кој ја поминал границата од 300 ГП трки. Иако искуството е драгоцено, тој исто така покажува дека е суперфит и супербрз за модерната Формула 1“, изјави Денис.

Батон освои светска титула во 2009 година со Браун ГП тимот, пред следната сезона да премине во Мекларен. Во првите три сезони со тимот тој имаше топ 5 пласман, но оваа година освои само шест поени и е најнискорангиран возач кој не вози за Марусја.

Околу неговата иднина постоеја голем број шпекулации, од тоа дека решил да замине во ВЕЦ-шампионатот, до тоа дека Мекларен не сакаат веќе да ја плаќаат неговата висока плата.

„Оваа година не беше лесна за нас, но знаеме што е потребно да ги подобриме работите и во соработка со Хонда да осигураме дека 2016 ќе биде многу подобра за тимот“, вели Батон.

Батон и така имаше двегодишен договор, кој вклучува значително зголемување на платата за 2016, и Денис призна дека се обидел да го убеди да остане за истата сума како и оваа година, но по сè изгледа Батон ја доби битката и ќе ги добие своите пари.

„Џенсон и јас разговаравме за неговите планови приватно во последните неколку недели. Тоа што денеска ја имаме оваа објава е задоволувачки за двајцата и верувам дека ќе ги мотивира сите во нашиот тим. Како што кажував и претходно, договорот на Џенсон беше на две години и иако можевме да го раскинеме, јасно беше дека тој останува со истата мотивација за тркање и опцијата стана нерелевантна“, додава Денис.



Батон, пак, открива дека сериозно размислувал за повлекување.

„Во последниот месец размислував многу и не е тајна дека бев на два ума за иднината. Но, бидејќи веќе сум шест сезони тука, го познавам Рон многу добро и јасно ми покажа дека е мотивиран за нови успеси“, додава Батон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...