Алонсо сигурно останува во Мекларен

Фернандо Алонсо недвосмислено вети дека ќе го исполни својот договор со тимот на Мекларен-Хонда и дека ќе остане во тимот барем уште две години, пред во Сочи овој викенд да ја прослави својата 250. ГП трка.

Ова ветување доаѓа по предупредувањето на неговиот менаџер Флавио Бриаторе дека тој може да замине од Ф1 доколку Мекларен не го кренат нивото наскоро, но и по лутите разговори преку радиото на Јапонското ГП, кога се жалеше на моќта на моторот на Хонда.

Овој пат, тој сигурно посочи дека ќе остане во тимот, иако претходната „авантура“ во тимот заврши само по една година по несогласувањата со Луис Хамилтон. Алонсо вели дека има целосна доверба во Хонда.

„Дали ќе бидам возач на Мекларен и во 2016? Секако, и во 2017 година. Најважното нешто од Јапонското ГП беше што ја посетив фабриката во Сакура и го разгледав проектот за моторот за следната година. Имавме долги состаноци и најважно беше да се сфати пораката од компанијата. Тогаш работите ги гледав појасно отколку во неделната трка. Тогаш само бев исфрустриран од ситуацијата. Позитивно влегуваме во 2016“, објаснува Алонсо.

КАЗНА ОД НЕВЕРОЈАТНИ 25 МЕСТА

Хонда ќе донесе нова спецификација на моторот на Фернандо Алонсо за Руското ГП, што автоматски значи дека Шпанецот мора да добие казна на стартот. Хонда веќе ги потроши четирите преостанати таканаречени „токени“ за развој на моторот фокусирајќи се на моторот на внатрешно согорување и на деловите на ауспухот.

Алонсо ќе има нов ИЦЕ уред, ново турбо, нов МГУ-Х уред и контролна електроника. Бидејќи веќе има потрошено 9 ИЦЕ, 8 турбо, 8 МГУ-Х и шест контролни уреди, тој ќе добие казни од вкупно 25 место, што автоматски значи старт од последното место.

Хонда не успеа да додаде нови спецификации за болидот на Џенсон Батон, а Алонсо доби предност бидејќи помина повеќе километри на претходната спецификација. Овие подобрувања се последни за 2015 и со нив компанијата се надева дека ќе има подобри перформанси на Американското ГП, трка која е значајна за спонзорите на Мекларен.

„Остин треба да биде една од подобрите трки за нас бидејќи патеката ни одговара, и таму ќе има присутни многу големи спонзори“, вели Хонда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...