Хамилтон најбрз во Сочи

Сочи, 11 октомври 2015 (МИА) – Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја зголеми предноста во борбата за шампионската титула во Формула 1, откако попладнево победи на трката за Големата награда на Русија возена во Сочи.

На 15-та трка оваа сезона, Хамилтон ја забележа деветтата победа или вкупно 42. во својата кариера со што се изедначи по бројот на победи со Себастијан Фетел на третото место на листата победници на сите времеиња во Ф1. Пред нив се Михаел Шумахер со 91 и Алан Прост со 51 победа.

Клучниот момент на трката се случи во осмиот круг, кога Розберг поради проблеми со болидот мораше да се откаже, а Хамилтон изби на лидерското место.

Втората позиција ја освои Фетел од Ферари, а трет беше Серхио Перез од тимот на Форс Индија.

Хамилтон на четири трки до крајот води во Генералниот пласман со 302 бода, 66 повеќе од Фетел, Розберг е трет со 229 бодови.

Следната трка во Формула 1 е закажана за 25 октомври во Остин, Тексас, за Големата награда на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...