Дали Хамилтон почнува „војна“ во Мерцедес?

Луис Хамилтон вели дека има доверба во неговиот тим и покрај тоа што призна дека не се согласил со стратегијата на Мерцедес на Мексиканското ГП, каде што беше поразен од колегата Нико Розберг.

Розберг пол-позицијата ја трансформираше во победа откако при второто влегување во боксот тимот му порача на Хамилтон да влезе во боксот, нешто што тој во прв момент го одби, за потоа да праша зошто добил таква наредба.

„Не се согласив со таа одлука, но тимот ги носи одлуките и во поголемиот дел од сезоната се согласувам со нив. Ќе имаме разговор кога ќе се вратиме дома. Имам целосна доверба во тие момци“, изјави Хамилтон.

Неговиот инженер за трка Питер Бонингтон преку радио му порача дека одлуката да направи второ влегување во боксот било направено поради „безбедносни“ причини поради трошењето на гумите. Хамилтон не се согласува.

„Немаше ризик, немаше што да загубам. Ја освоивме титулата кај конструкторите, тимот веќе имаше победа, така што требаше да ме пуштат да ризикувам, да одам до крај. Но, на крајот, сепак, имавме еден-два победа“, додава Англичанецот.

Хамилтон беше зад Розберг во поголемиот дел од трката и не успеа да дојде доволно блиску да направи обид за претекнување. Да не влезеше во боксот тој ќе го задржеше првото место и на Розберг ќе му беше потребно да надополни предност од 18 круга за да го помине. Со победата Хамилтон ќе останеше на пат да го израмни рекордот од најмногу победи во една сезона (13).

ВОЛФ: „РОЗБЕРГ И ХАМИЛТОН ДА СЕ СМИРАТ“

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, пак, откри дека ги предупредил Розберг и Хамилтон да избегнат судир на неделната трка во Мексико Сити. Тој додава дека возачите биле „апсолутно свесни“ како треба да се однесуваат во трката во која новокрунисаниот шампион сепак не се судри со Розберг, како што направи на првата кривина на Американското ГП пред една недела.

„Ја разгледав снимката од Остин 30 пати пред да заклучам дека Луис и Нико се тркаа премногу цврсто на тешка кривина. Тие беа еден до друг и можеби дури Нико имаше мала предност. Дали сакам да ги видам нашите болиди како се допираат? Апсолутно не. Колку страници на правила треба да воведеме во секоја ситуација. Тоа не треба да се влечка во медиумите бидејќи јас не сум учител. Тие се двајцата најдобри возачи и одговорноста мора да биде кај нив“, изјави Волф.

Двајцата возачи на Мерцедес во Мексико имаа доволно време да влезат по свежи гуми и да не ризикуваат безбедносното возило да ја загрози победата.

„Имавме маргина за влегување во боксот и гумите на Луис беа полоши од тие на Нико. Нормално е тој да се прашува бидејќи виде предност, и да не го направеше тоа немаше да биде тркач. Сè е ОК. Не сакавме да ризикуваме тимски резултат“, додава Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...