Еклстоун: „Кам-бекот на Ферари е важен за спортот“

Берни Еклстоун признава дека е пресреќен што Ферари повторно се борат за победи бидејќи тоа е важно „за мене и за сите во Формула 1“.

По разочарувачката сезона 2014, во која тимот не успеа да стигне до победа и оствари само две победи, во Скудерија се направија огромни промени - си замина претседателот Лука ди Монтеѕемоло, а се сменија и двајца шефови - Стефано Доменикали и Марко Матијачи. Покрај тоа од тимот по пет сезони си замина и Фернандо Алонсо, а на негово место дојде четирикратниот шампион Себастијан Фетел и Ред Бул.



Со Серџо Маркионе како претседател и Маурицио Аривабене како шеф, Ферари успеа да ја намали разликата во предноста на Мерцедес, и Фетел успеа трипати да победи и да освои девет подиуми, додека Кими Раиконен има дополнителни два подиуми.

Запрашан од „Газета дело спорт“ да ја оцени најдобрата работа во 2015, Еклстоун беше јасен.

„Тоа можам да го одоговорам со еден збор - Ферари. Нивното враќање на победите беше важно за мене и за целата Формула 1. Сите го очекувавме тоа. Фантастично е што успеаја да се вратат толку бргу. Го поддржував Фетел и неговиот трансфер во Ферари и кога победи во Сепанг беше прекрасно“, изјави Еклстоун.

Британецот не крие дека еден од фаворитите му е неговиот близок пријател Фетел, кого го оценува како еден од најдобрите четири возачи во модерната ера.

„Возачот мора да биде оценуван и според тоа како реагира во однос на околината. Имаше многу возачи кои можеа да се борат за победа, но тие останаа анонимни. Фетел имаше добри болиди, но исто така покажа дека е многу добар и во послаб тим и затоа за мене тој е во топ 4 со Луис Хамилтон, Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо“, додава Еклстоун.

Комерцијалниот шеф исто така сакаше да ги смири илјадниците италијански тифози посочувајќи дека нема сомнеж дека Италија ќе обезбеди иднина на Ф1 календарот, по сите шпекулации дека Монца има само уште една година на календарот.

„Ги расчистивме работите. Ќе најдеме решение. Немам сомнеж дека ќе имаме трка во Италија“, додава Еклстоун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...