Ред Бул се надеваат на големи работи, но во 2017

Ред Бул се во добра позиција да обезбедат конкурентен мотор за сезоната 2017 година, тврди шефот на тимот Кристијан Хорнер.

Сагата околу иднината на австриско-германскиот тим кој освојуваше четири титули едноподруго од 2010 до 2013 година ја одбележа сезоната. Тие прво решија да се разделат со партнерите Рено, по што не успеаја да обезбедат мотор од другите производители бидејќи Мерцедес и Ферари не сакаа да им дадат идентични мотори како на фабричките тимови.

По бројните закани за заминување од спортот, Ред Бул се согласија да продолжат со Рено, кои ќе им даваат мотори кои ќе бидат брендирани со ТАГ Хојер-Рено за 2016. Сепак, Хорнер инсистира дека иднината изгледа добро.

„Тешко е да се зборува во моментов, без да се открие кои се нашите следни планови за моторот, но верувам дека ќе бидеме во многу подобра ситуација. Сè е отворено и мислам дека многу работи ќе се сменат“, вели Хорнер.

Иако Светската автомобилистичка федерација (ФИА) реши да се откаже од планот за независни мотори за да ги „притисне“ производителите на мотори да понудат поевтини договори, Хорнер има доверба во водството на ФИА и Берни Еклстоун.

„Во моментов ФИА работи на ситуацијата. Жан Тод вели дека сака да ја среди ситуацијата и изгледа дека човекот има мисија. Мислам дека 2017 ќе претставува нов почеток. Има нов сет на правила за шасиите, што е уште една шанса луѓето да земат чист лист хартија и да размислуваат. Токму затоа иднината за тимот изгледа добро“, додава Англичанецот.

Шефот на Ред Бул исто така верува дека балансот на моќ меѓу производителите во Формула 1 може да се смени многу бргу. Иако Мерцедес се доминантни во моментов, со Хонда далеку зад нив, Ферари ги поминаа Рено и ја намалија разликата во сезоната која измина.

„Последен пат кога погледнав, моторот на Ферари беше најлошиот во Ф1. Тоа покажува дека работите можат да се сменат многу бргу“,завршува Хорнер.

ПРОМЕНИТЕ ВО 2017 СЕ ПОГОЛЕМИ ОД ТИЕ ВО 2009

Најавените промени во спортот во 2017 година ќе бидат потешки за тимовите од тие во 2009 година, смета техничкиот директор на Вилијамс, Пет Симондс.

Тимовите ќе мораат да ги развиваат своите болиди за 2017 со големо ограничување на часовите во воздушниот тунел, што не беше случај на промените од пред шест години. Симондс вели дека тимовите ќе мораат да балансираат во развојот на болидите за 2016 и 2017.

„Сега многу луѓе на моја позиција ќе мораат да направат многу тешки одлуки следната година бидејќи работите се сменија од 2009, кога имавме вакви големи промени. Тогаш едноставно можеше да кажеш дека ќе вработиш 30 специјалисти за аеродинамика, ќе работиш понапорно во воздушниот тунел... Сега тоа не е возможно. Ги имате свои 70 поминувања и тоа е тоа. Некои болиди нема да се развиваат во 2016 за смената за 2017“, објаснува Симондс.

Тимот на Браун ГП беше најбрзиот во 2009 бидејќи избра (додека сè уште беше во сопственост на Хонда), да ја „отпише“ 2008 и да ги насочи ресурсите кон тој болид. Симондс не верува во ваква опција за 2017, освен ако некој од тимовите не пронајде некој револуционерен изум, како „двојниот дифузер“ на Браун.

„Не мислам дека некој ќе одлучи веднаш да се одвои и да работи на болидот. За Вилијамс ова е голема шанса да се направи голем чекор напред“, објаснува Симондс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...