Волф: „Мерцедес не сака да премине на ’темната страна’

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, е загрижен дека доминацијата на неговиот тим во Формула 1 може да биде лошо за грманскиот бренд.

Мерцедес победи во 32 трки од 38 последните две сезони откако успеа да направи фантастичен В6 турбо-хибриден мотор при промената на регулативите во 2014. Ривалите од друга страна се мачеа - Ред Бул оди наназад во последните две сезони, додека Ферари само оваа година успеаја да се вмешат во борба за победи.

Волф вели дека знае какво влијание има доминација на еден тим на популарноста на спортот и доколку другите не успеат да ги „стигнат“, тој ќе се обиде да внесе конкурентност меѓу своите возачи за да не биде досадно. Тој ја објасни ситуацијата користејќи терминологија од „Војна на ѕвездите“.

„Нашата доминација е лоша за спортот. Го знаеме тоа. Го прави спортот досаден, и резултатите се предвидливи. На секој спорт му се потребни различни победници, и понекој чуден резултат. Исто така потребен е и аутсајдерот кој победива. Кога ќе станете доминантна сила, тогаш страдате и вашиот бренд страда. Станувате темната страна на силата“, вели Волф.

Тој вели дека слична ситуација се повторувала и во минатото.

„Тоа дури се случи и со Ред Бул. Кога влегоа во спортот тие беа џедаи. Скокаа во базен кога беа трети во Монако со Дејвид Култхард. Имаа Формула Уна, девојките околу болидите, го имаа и ’црвениот булетин’. Брендот беше супер! Но, откако ја освоија титулата четири години, никој веќе не ги сметаше за симпатични. Никој не го сака естаблишментот. Што можеме да направиме? Да останеме скромни, со двете нозе на земја и да уживаме во моментот. Живееме во свет во кој луѓето не сакаат на никого да му оди добро. Изгледа дека сме посреќни со мизеријата на другите. Тоа е погрешно. Ако се радувате на туѓата мизерија, таа ќе ви се врати како бумеранг. Ова е конкурентна околина, но јас повеќе сакам да се инспирирам од тие кои се успешни. Подобро да го следам, отколку да му завидувам. Дури и мојот најлош противник во Ф1 е мојот најдобар пријател“, додава Волф.

Дали постои решение за поинтересна Ф1?

„Сакам доминацијата да продолжи, но ако биде вака, тогаш ќе мораме да размислиме како да не станеме непријателот и да помогнеме во шоуто. Можеби ќе ги пуштам Луис и Нико да прават што сакаат. Да имаат сопствени стратегии. За Ф1 понекогаш се потребни вулканските ерупции. Можеби приказната ќе заврши со судир и непријателство, но можеби тоа недостига“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...