Лошото време и трагедија на стартот на Дакар

Првата „полна“ етапа на Релито Дакар 2016 е откажана поради силниот дожд кој поплави дел од етапата од Росарио до Вилја Карлос Паз.

Организаторите на трката очекуваа лошо време во неделата, но бурата беше посилна од очекуваното. Стартот на етапата беше одложуван неколку пати во надеж дека условите ќе се поправат, меѓутоа на крајот беше донесена одлуката натпреварувачите да возат до Вилја Карлос Паз без време.



„Веќе не врне во делот каде што требаше да има мерено време, но времето не е доволно добро за тркање. Хеликоптерите кои се потребни да се осигура безбедноста на натпреварувачите не можеа да полетаат. Затоа мотоциклите и квадовите ќе одат во конвој, автомобилите самостојно, а камионите на на патот резервиран за помошните возила“, вели директорот на трката Етјен Лавињ.

САБОТНА ТРАГЕДИЈА

Најмалку 10 луѓе се повредени, од кои пет сериозно, откако еден автомобил удри во гледачите на прологот на релито Дакар во Аргентина. Според „Агенс Франс Прес“, 10-годишно момче и неговиот 34-годишен татко поминаа со најсериозни повреди откако кинескиот возач Гуо Меилинг ја загуби контролата на неговото Мини на првиот ден од Буенос Аирес до Росарио.



Гуо удри во фановите во близина на гратчето Аресифес на 11-километарскиот пролог, кој веднаш беше прекинат по судирот. Директорот на трката, Етјен Лавињ, изјави дека двајца од гледачите се во тешка состојба. Четири хеликоптери, три официјални медицински возила и осум амбулантни возила беа присутни на местото на несреќата.

„Вкупно имавме 10 пациенти вклучувајќи четири деца и една бремена жена, која е во добра состојба“, изјави Даниел Модесто директорот на локалната болница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...