Организаторите на Дакар соопштија дека уште еден гледач несреќно го загуби својот живот во седмата етапа од возењето откако бил удрен од возилото на Лионел Бод.
-Медицинскиот тим можеше само да ја потврди смртта на личноста која што беше вмешана во инцидентот, стои во соопштението од организаторот.
Несреќата се случила во Боливија, а жртвата е 63-годишен маж.
Ова е 64-от смртен случај во историјата на Дакар од 1979-та година, додека 6-ти откако релито од Африка е префрлено во Јужна Америка поради безбедносни причини.