Монца уште преговара со Еклстоун

Шефовите на патеката Монца сè уште преговараат со носителот на комерцијалните права во Ф1, Берни Еклстоун за продолжување на договорот за организација на Италијанското ГП, тврдат италијанските медиуми.

Договорот на Монца со Формула 1 Менаџмент (ФОМ) трае до 2016 година и славната патека остана без јасен правец за иднината додека не се договори нов закон за да се зголеми финансиската поддршка за трката. Анџело Стики Дамјани, претседателот на Италијанскиот автомобилски клуб (АЦИ), неодамна најави дека потпишувањето на нов седумгодишен договор со Еклстоун е формалност.



Меѓутоа, италијанскиот магазин „Аутоспринт“ тврди дека Еклстоун бара 28 милиони $ годишно за трката (слично на сумата која ја плаќа Австрија), додека организаторите нудат 20 милиони $.

„Еклстоун побара 28 милиони $, сума која е многу повисока од нашите очекувања, но и пониска од таа кои ја плаќаат другите патеки. Баку на пример ќе плати 150 милиони $ за три години во Ф1“, изјави Стики Дамјани.

Монца е на Ф1 календарот како домаќин на сите Италијански ГП трки (освен во 1980 година), од 1950 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...