Фетел внимателен пред новата сезона

Себастијан Фетел вели дека Австралиското ГП со кое стартува новата Формула 1 сезона нема толку голема важност за тимот како што посочи претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, и дека оценката за сезоната се прави по крајот.

Пред сезона во која Ферари уште еднаш ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес во Ф1, Маркионе посочи дека шампионатот ќе биде одлучен во текот на зимата, и дека Ферари мораат да пристигнат во Мелбурн со победнички болид.

Фетел, вели дека ги дели амбициите на Маркионе, но посочи дека победата во Мелбурн не е клучна.

„Нормално е дека сите сакаме да победиме, тимот е голем и ако ги прашате сите, ќе добиете ист одговор - целта е да се победи. Но, знаеме дека тоа е амбициозна цел и дека разликата до Мерцедес е доста голема. Мислам дека завршивме добра работа во текот на 2015 да се доближиме до ривалите, и имаме промени за новата година. Тестирањето е почеток и оттаму ќе видиме што понатаму. Но, Австралија е само една трка од 21 на календарот. Ако победите таму, супер, но ако не успеете во тоа, тогаш треба да бидете поблиску до првото место и да соберете што е можно повеќе поени. Од Мелбурн годината е долга“, вели Фетел.

ФЕРАРИ НАЈБРЗ НА „ДОЖДЛИВИОТ“ ТЕСТ

Пирели комплетираа над 2000 километри во текот на два дена тестирање на гумите за дожд на патеката Пол Рикар во Франција, каде што најбрз беше токму Фетел. Пред стартот на официјалното зимско тестирање, четирикратниот Ф1 шампион Фетел, кој го замени Кими Раиконен во минатогодишниот СФ15-Т болид, постави најдобро време од 1:06.750, иако времињата беа неважни за тестот.

Фетел беше побрз од Данил Квјат во Ред Бул за помалку од десетинка од секундата, додека третиот возач на патеката, тестерот на Мекларен, Штофел Фандорне заостана една секунда.

„Секогаш е корисно да се вози болидот, секогаш е забавно, посебно ако имате цел ден на влажна патека. Тестиравме одредени работи и многу различни гуми со различни резултати, но не знаеме кои од нив ќе ги користиме. Се работеше за тест на ’слепо’, бидејќи Пирели не ни кажуваа што тестираме, но тоа е нивната работа“, вели Фетел.

Трите тима возеа на немодифицирани болиди од 2015 година и не смееја да тестираат нови делови, и заедно комплетира 374 круга во вторникот и 659 круга вкупно.

Тестот беше овозможен поради системот на прскалки вграден на патеката Пол Рикар, со кои се влажнеше патеката. Пирели доби дозвола за овој тест од ФИА, откако минатата година тимовите се жалеа на перформансите на гумите, посебно на дожд.

Официјалниот старт на зимското тестирање во Ф1 се одвива на патеката Каталуња покрај Барселона од 22 до 25 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...