Новиот шеф на Мекларен очекува „слобода“

Новиот генерален директор на Мекларен Ф1, Јост Капито, е сигурен дека ќе му биде дадена „слобода“ да направи промени во структурата на тимот доколку тоа е потребно. Мекларен имаат низа од лоши три сезони без победа, кои кулминираа во 2015, кога завршија као деветти во генерален пласман во првата сезона со моторите на Хонда.

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие оцени дека е потребно разгледување на структурата на тимот уште кога дојде во 2014 година, и Капито вели дека очекува да му биде дадена иста шанса.

„Ја имам слободата да го направам тоа што мора да се направи. Во моментов ситуацијата е права матрица за мене“, изјави Капито во интервју за „Аутоспорт“.

Германецот смета дека неговото искуство со работата со Јамаха додека работеше во Заубер ќе биде позитивно во соработката со Хонда.

„Такви односи мора да функционираат. Мора да се работи за еден тим, без разлика каде работат луѓето. Секогаш е предизвик да се состави добар тим, а уште потешко е кога дел од тимот е на различен континент и покрај тоа има различна работна култура. Меѓутоа, јас работев со Јапонци во минатото и имам добро искуство“, вели Капито.

Засега, Капито чека да му најдат замена во Рели ВРЦ тимот на Фолскваген (со кои освои три титули последните три години), за да може да се посвети на работата со Мекларен.



НХЛ РЕЗУЛТАТИ

Бостон - Анахејм 2:6

Питсбург - Њу Џерси 2:0

Каролина - Чикаго 5:0

Монтреал - Колумбус 2:5

Отава - Бафало 2:3

Флорида - Торонто 5:1

Винипег - Аризона 5:2

Сан Хозе - Колорадо 6:1

Ванкувер - Нешвил 1:2



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...