Малдонадо заминува од Ф1, Магнусен негова замена?

Кевин Магнусен ќе биде официјално презентиран како возач на Рено в среда, објавува угледниот британски магазин „Аутоспорт“.

„Аутоспорт“ минатата недела објави дека Данецот ќе го замени Пастор Малдонадо, кој веќе не може да смета на финансиската поддршка на венецуелската државна нафтна компанија ПДВСА. 23-годишниот Магнусен, син на поранешниот Ф1 возач, Јан Магнусен, во 2014 година дебитираше за тимот на Мекларен, но минатата сезона беше тест-возач во тимот откако беше заменет со Фернандо Алонсо.



Малдонадо, по пет сезони во спортот, се наоѓа без место во Ф1 откако ПДВСА ги намали трошоците поради ниската цена на нафтата. Тој беше потврден како возач на Рено додека тимот сè уште беше познат по името Лотус.

31-годишниот Венецуелец самиот потврди дека нема да биде во Формула 1 следната сезона, откако ПДВСА не ги исплатија последните рати.

„Денеска со крајна скромност ве информирам дека нема да бидам присутен на стартот на сезоната 2016. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка и за грижа за мојата иднина. Се чувствувам почестен од вниманието и горд на моите професионални перформанси. Сè што направив беше поради моето семејство, моите фанови и секако, мојата голема земја, за која се слушаше нашата химна. Патував низ светот бидејќи венецуелското знаме беше не само на мојот болид туку и во мојата душа“, вели Малдонадо.



Рено сè уште немаат коментар за официјалното именување на Магнусен, меѓутоа тимот ќе има настан за медиумите во среда во Париз, кога ќе го претстават името на својот нов тим и партнерот на веќе потврдениот Британец Џолион Палмер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...