Дали заврши „игралиштето“ за Мерцедес?

Италијанските медиуми почнаа да го предвидуваат падот на Мерцедес од врвот на Формула 1, меѓутоа не сите се сигурни, како советникот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Првата оценка е дека Себастијан Фетел пропушти шанса за победа во Мелбурн, но само поради прекинот на трката поради силниот судир на Фернандо Алонсо и Естебан Гутиерез и прекинот од 20 минути, а дополнителен фактор беше и проблематичниот избор на гумите на тимот од Маранело.

„Игралиштетот за Мерцедес заврши“, напиша „Газета дело спорт“, додека „Тутоспорт“ додаде: „Јасно е дека Мерцедес нема да се единствени владетели оваа сезона“. „Кориере дела сера“ заклучи: „Не сите порази се исти. Мерцедес победија во Австралија, но само поради грешките на Ферари.

МЕРЦЕДЕС ЈА КРИЈАТ ФОРМАТА?

Контроверзниот д-р Марко, советникот на Ред Бул има поинаква теорија - дека Мерцедес намерно сака ситуацијата да изгледа потесна отколку што е.

„Мерцедес ќе се обидат да ја скријат својата вистинска супериорност на некои трки оваа година“, предвидува Марко.

Според германскиот „Ауто мотор унд спорт“, предноста на Мерцедес на третиот сектор од патеката во Мелбурн беше само 77 илјадити делови од секундата пред Фетел.

„На квалификациите тие ја имаат моќта и заминуваат. Но, можеме да се натпреваруваме со нив на кривините“, изјави Фетел по трката.

ЛАУДА: „ЌЕ БИДЕ ТЕСНО СЕКАДЕ“

Не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда вели дека перформансите на Ферари во Австралија покажаа дека италијанскиот тим ќе го предизвика Мерцедес во текот на целата сезона.

„Стравувам дека ќе видиме нови такви трки, бидејќи тие несомнено имаат брз болид. Ќе биде возбудливо и едвај ја чекам следната трка“, вели Лауда.

Австриецот е задоволен што предизвикот на Ферари носи позитивна порака во Ф1 по фијаското со новите квалификации во Мелбурн.

„Моравме да се извиниме за квалификациите, бидејќи тоа беше голема грешка. Тоа треба да се заборави и да одиме во Бахреин. Исто така е позитивно што ги коригираа радио-пораките - на вака возбудлива трка ќе беше штета да не слушневме некои работи“, вели Лауда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...