Возачите побараа промени во Формула 1

Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) преку официјално писмо побара Ф1 шефовите да го сменат управувањето на спортот оценувајќи го како „лошо структуирано“ и „застарено“.

Ова соопштение доаѓа по сè поголемото незадоволство и фрустрации од возачите, кое посебно беше видливо на Австралиското ГП поради новиот систем на квалификации, кој се покажа како фијаско.

По ова, Ф1 шампионот Луис Хамилтон изјави дека процесот на носење одлуки вклучува премногу луѓе, додека Себастијан Фетел од Ферари вели дека мислењето на возачите не се почитува и предупредувањата не беа слушнати. На зимското тестирање, Фернандо Алонсо изјави дека тажен од сегашната состојба во Ф1, жалејќи се на комплицираните правила и болидите кои не се забавни за возење.

Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА), официјалното тело кое ги претставува возачите, реши да придвижи иницијатива со отворено писмо во кое се прикажани нивните стравувања, но и нивните надежи за иднината.

„Ние, возачите, го сакаме спортот! Од нашето детство, сонувавме за возење на најбрзите болиди на најдобрите патеки, против најдобрите возачи. Бараме конкурентност и го сакаме Ф1 безусловно. Според нас, носењето одлуки во спортот стана застарено и лошо структуирано, не се гледа на најголемите проблеми на нашиот спортот и може да биде закана за идниот успех на спортот. Бараме од сопствениците и акционерите во Ф1 да го сменат управувањето на спортот. Иднината на Ф1 мора да биде поставена под главен план. Тој план мора да ги штити принципите и вредностите на Ф1. Мораме да обезбедиме Ф1 да стане спорт, натпреварување помеѓу најдобрите возачи и неверојатни машини“, се вели во соопштението потпишано од Џенсон Батон, Себастијан Фетел и Алекс Вурц за сите возачи членови на ГПДА.

Последна капка најверојатно беше квалификацискиот систем во Австралија, по кој имаше универзално одбивање од страна на возачите, тимовите и Берни Еклстоун.

Заедно со милионите гледачи пред ТВ екраните и 70.000 фанови на Алберт Парк, Еклстоун гледаше како повеќето најдобри возачи останаа во гаражата во последниот дел од квалификациите, откако претходно испаѓаа возачи кои воопшто не беа на патеката. Крајот на сесијата беше уште подраматична - последните три минути никој не беше на патеката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...