Синот на поранешниот Ф1 шампион Џек Бребем, Гери Томас Бребем е осуден за силување на шестогодишно девојче.
54-годишниот Бребем јуниор е осуден за напади од 2003 до 2007 година, кога девојчето имало меѓу 6 и 10 години. Одредувањето на казната ќе се случи во април.
Сер Џек Бребем почина во 2014 година на 88 години. Гери Бребем беше вице-шампион во Формула 3 шампионатот во 1988 година и шампион во Ф3000 во 1989 година. Тој се обиде да влезе во Ф1 во 1990 година преку тимот Лајф, но не успеа да се квалификува за две трки, по што возеше во австралиските серии.