Нико оди на продолжување на победничката низа

Најдолгата серија во историјата беше од летната пауза до финалето на сезоната во 2013 година, кога Себастијан Фетел оствари девет победи за Ред Бул. Во неговата серија имаше и шест пол-позиции за тој да стане најмладиот четирикратен светски шампион. Таа година тој победи во 13 трки.

Алберто Аскари технички имаше девет победи во низа во две сезони. Тој имаше шест победи едноподруго во речиси совршената 1952 година, а седмата победа дојде на првата трка од сезоната во 1952. Тој победи и на следните две трки на кои учествуваше (Холандија и Белгија), но реши да не учествува на Индијанаполис 500, која тогаш беше официјална трка од шампионатот.



Третата најдобра низа ја имаше Михаел Шумахер, кој има три појавувања во топ 10. Најдолгата серија дојде во финишот на 2004 година, кога победи на седум трки едноподруго (две на домашен терен), и стигна до рекордната седма светска титула.

СО СТАРИ КВАЛИФИКАЦИИ И СО КАЗНА ЗА ХАМИЛТОН

Формула 1 се враќа на старите квалификации од 2015 година овој викенд, и Розберг ќе добие шанса да ја врати „нормалноста“ на патеката. Германецот продолжи каде што ја заврши 2015 со победите на стартот на сезоната во Австралија и Бахреин оставајќи го својот колега Луис Хамилтон на 17 поени разлика, откако тој беше втор, односно трет во првите две трки.

Хамилтон ги стартуваше двете трки на пол-позицијата, но сигурно нема да биде на првото место во Шангај, откако на неговиот Мерцедес мораше да се промени менувачот и тој доби казна од пет места. Статистиката е на страната на Британецот во Шангај бидејќи има две победи во низа таму, и четири вкупно.

Хамилтон загуби комбинирани 11 места во првите кругови на двете трки во оваа сезона. Тој падна на шестото место на првата трка во Мелбурн, по што падна на седмото место во Бахреин, пред да се врати на подиумот. Трикратниот шампион ќе мора да оди во обратна насока во Кина доколку сака успех.



РОЗБЕРГ: „РАНО Е ДА СЕ СЛАВИ“

Розберг не сакаше да се дава големо значење за неговиот старт на сезоната знаејќи дека во Формула 1 промените се постојани.

„Ова се две трки во најдолгата сезона која ја имаме досега - 21 трка“, потсети Розберг.

Во 2014, Розберг победи на првата трка во Австралија, а Хамилтон се откажа, со што доби дефицит од 25 поени. Двојката беше вклучена во лута битка до средината на сезоната, кога Хамилтон ја презеде контролата.

„Дали среќата ми се насмевнува? Не помислувам на тоа бидејќи е толку рано. Сакам да ја завршам работата“, вели Розберг.

Розберг е доволно добар да победува и без факторот среќа, признава шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Нико е на добро место. Не гледам дека има осцилации во неговите перформанси. Тој се развива како личност и како тркач“, вели Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...