Ферари: „Бевме во право кога не дадовме мотори на Ред Бул!“

Враќањето на формата на тимот на Ред Бул на Кинеското ГП е доказ дека Ферари ќе направеа „огромна грешка“ ако се договореа да му дадат договор за мотори на англиско-австрискиот тим. Тимот од Милтон Кејнс прво се раздели со Рено и се обиде да склучи договор прво со Мерцедес, но откако беа одбиени зачукаа на вратата на тимот од Маранело.

Меѓутоа, во Ферари сметаа дека договор со нив ќе носи закана „кориснички“ тим да ги победува во шампионатот и на крајот Ред Бул се решија да се вратат на Рено и оваа сезона возат ре-брендирани мотори со нивниот партнер ТАГ Хојер.

Ред Бул ја почна сезоната многу посилно од очекувањата, и Данил Квјат го „сруши“ монополот на Мерцедес и Ферари на подиумот. За претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, тоа што Ред Бул уште сега имаат потенцијал да ги победат посилните со поспор мотор, е оправдување на блокирањето на договорот.

„Ќе направевме огромна грешка. Сите велеа дека не треба да бидат пред нас и дека ова ги потврдува нашите грешки на квалификациите, меѓутоа не сум сигурен“, вели Маркионе.

ВОЛФ: „ТИЕ СЕ МНОГУ СИЛНИ“

Шефот на Мерцедес Моторспорт, Тото Волф, уште од почетокот јасно кажуваше дека договор со Ред Бул не би бил во најдобар интерес за тимот. Но, откако виде за што се способни Ред Бул во Кина, каде што Рикијардо водеше на стартот на трката, тој вели дека е добро да има тројна битка за победите.

„Ако ја погледнете нивната брзина, ќе забележите дека се многу силни. Ќе биде добро да се вратат во игра бидејќи Рикијардо ја загуби трката со дупната гума. Можете да замислите дека ќе го испотеше Фетел добро. Одеднаш тие имаат добиено добри перформанси“, изјави Волф.

ХОРНЕР: „ЗАД ПЕТИЦИТЕ НА ФЕРАРИ СМЕ“

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не го криеше задоволството што неговиот тим „е зад петиците на Ферари“. Рикијардо беше пред двајцата возачи на Ферари на квалификациите и го помина Нико Розберг на стартот пред поради дупнатата гума да падне назад. Квјат од друга страна убедливо го остави Фетел зад него, пред да падне зад возачот на Ферари по промената на гумите.

„Мерцедес, да не згрешиме, сè уште се чекор напред пред сите. Но, ние сме зад петиците на Ферари. Двата болиди ги победија и Себастијан не беше толку далеку на второто место. Да имаше Даниел чиста трка, тогаш ќе можевме да ги победиме. Ова беше позитивен викенд за нас, и искрено не го очекував тука. Знаејќи што имаме подготвено, би требало да биде уште потесно. На хартија сè е едноставно, но времето не лаже. Момците во Вири и во Милтон Кејнс завршуваат одлична работа и прогресот мора да се види“, вели Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...