Формула 1 е спорт, а не шоу, вели Фетел

Формула 1 треба да остане конкурентен спорт и не му е потребна трансформација во „шоу“, смета четирикратниот шампион Себастијан Фетел. Возачто на Ферари побара од носителите на одлуки во спортот да осигураат интегритетот на Ф1 да биде заддржан.

Според него, новата хибридна ера го „гуши“ природниот дух на возачите да се тркаат до максимум од стартот до финишот. Тој бара шефовите на спортот да остават можни промени на техничките регулативи за да се осигура конкурентноста да остане најважна.



„Според мене, Формула 1 е спорт. Сфаќам дека за некои е и шоу, но за мене е само спорт. Кога почнав да се тркам најважно ми беше, освен возењето, да се тркам, да се борам со другите деца, да се обидувам да бидам прв, да бидам најбрз. Тоа останува главниот предизвик. Формула 1 секогаш била на врвот на мотоспортот и природно е болидите да бидат најбрзи од другите тркачки машини во текот на светот. Мислам дека тоа го заддржавме. Има работи на кои може да се работи, но јасно е дека не ни требаат радикални промени во иднина“, вели Фетел.

Возачот на Ферари, кој последната титула ја освои во 2013 со Ред Бул, во моментов е четврти во генерален пласман зад двајцата возачи на Мерцедес (Нико Розберг и Луис Хамилтон) и колегата Кими Раиконен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...