Хамилтон се однесува како „вистински шампион“

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека Луис Хамилтон се справува со тешкиот старт на Формуал 1 сезоната „како вистински шампион“. Британецот нема победа откако ја обезбеди третата последователна титула на Американското ГП минатата година, по што неговиот колега Нико Розберг имаше шест победи во исто толку трки - три на крајот на 2015 и три на почетокот на новата сезона.

На последната трка, Кинеското ГП, поради проблем со ЕРС системот Хамилтон стартуваше од последното место и на крајот беше седми, но ова воопшто не го разочара Австриецот Волф. Тој вели дека е инспиративно да се види како Хамилтон реагира на проблемите. „Можеби имавме солиден старт, но во овој дел од сезоната најважно е да се собираат поени без да се гледа многу позицијата и ситуацијата во шампионатот. Поминаа само три трки, пред нас се дури 18. Не се сомневам дека ќе видиме тесна битка до крајот на сезоната. Двајцата возачи се ментално во добра позиција. Нико е во фантастична форма, но со нозете на земја, додека Луис може да биде обесхрабрен од стартот на сезоната, но наместо тоа е смирен и самоуверен, справувајќи се со проблемите како вистински шампион“, објаснува Волф.

НАЈЛОША НИЗА ОД 2014

Трикратниот шампион Хамилтон во моментов се наоѓа во најдолгата серија без победа во последните три сезони, и се надева дека серијата ќе зарши во Сочи, Русија овој викенд посебно по серијата проблеми во Кина. „По Кина, очекувано, имаше многу работи кои беа во мојата глава. Но, по сите овие години, искуството ме научи дека морама да останам смирен и да продолжам да туркам кога ќе почувствувам дека сум во нокдаун. Сум бил во слична ситуација неколку пати досега. Многу работи можат да се сменат во следните 18 трки и имам целосна доверба во Мерцедес. Проблемите се дел од патот - со нив стануваме поблиски, посилни и знам дека пред мене има подобри викенди“, вели Хамилтон.

36 ПОЕНИ НЕ СЕ МАЛКУ

 Хамилтон заостанува 36 поени зад својот колега Розберг, но веќе има искуство во „вртење“ на ситуацијата. Во 2014 година, Розберг водеше со 29 поени на средината на сезоната, пред Британецот да стигне до шест победи во последните седум трки за импресивна победа и втора титула. Според него, во 2016 може да биде потешко да се направи тоа, но не се работи за невозможна мисија. „Не се чувствувам многу подобро оттогаш. Дури можеби е и полошо бидејќи оваа година само се случуваат негативни работи. Како да имам црн облак над мене“, додава Хамилтон.

МОТОРОТ ОД КИНА КАКО РЕЗЕРВА

Луис Хамилтон ќе го заддржи моторот кој „откажа“ на квалификациите на Кинеското ГП како резерва, бидејќи Мерцедес дознале во што е проблемот. Тој беше последен на квалификациите по проблем со МГУ-Х уредот поради кој не можеше да направи „летачки“ круг во првиот дел од квалификациите за Шангај. „МГУ-Х уредот е растурен и проблемот најверојатно е во изолацијата. Турбополначот ќе биде заменет, заедно со пумпите за масло. По сите поправки овој мотор ќе биде ’резерва’ во Сочи“, се вели во соопштението на тимот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...