Иџе со победа на „Хунгароринг“

Во чест на победата на македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска на прославената Ф-1 патека „Хунгароринг’’ беше интонирана македонската химна.



Имено, Стефановски реши да учествува на првата трка на „ЦЕЗ’’ на кружни патеки со цел да се привикне на метежот кој му создаваше проблеми на првите две трки во „ETЦЦ’’ Шампионатот. Иако, практично дебитираше на оваа патека, популарниот Иџе на крајот заврши како прв и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

- Супер се чувствувам, работевме на автомобилот, а исто така разгледувавме и многу други детали и тактики на возење. Добро е чувството да се биде на подиум, поточно на првата позиција, иако немаше некоја голема конкуренција, а прв пат на оваа патека беше пуштена македонската химна, што за мене претставува огромно задоволство. Овде дојдовме да направиме тренинг пред третата рунда од Европскиот туринг куп на патеката Хирбургринг, а тренинг на трка како овој викенд е најдобар начин за постигнување на нашите цели. Утре се вози втората трка, следат уште повеќе извозени тркачки кругови. Ги поздравувам сите мои фанови, ми значи вашата поддршка, изјави Стефановски.

Ова е добра најава дека Иџе се подобро се снаоѓа во новиот предизвик односно „ETЦЦ’’ Шампионатот во кој се префрли оваа година, по двете последователни европски титули на трките на ридски патеки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...