Рено сега ги сакаат Ред Бул

Францускиот гигант Рено се обидува да комплетира „кориснички“ договор со тимотна Ред Бул и за 2017 и покрај сите проблеми и несогласувања во меѓусебните односи.

Долгогодишното партнерство меѓу Рено и Ред Бул за малку ќе доживееше колапс минатата година, кога Ред Бул разочарани од перформансите бараа друг партнер, пред да се вратат кај Французите откако Мерцедес, Ферари и Хонда не им дадоа мотори.

Ред Бул оваа година вози со ре-брендирани ТАГ Хојер мотори, но договорот со Рено завршува на крајот на годината и се веруваше дека Рено сака да се фокусира на сопствениот тим наместо на корисничките договори. Сега, се шпекулира дека на Рено им е потребна соработката со тим како Ред Бул за подобрување на прогресот.

„Мислам дека тоа е најдоброто нешто што може да ни се случи. Важно е да имаме репер за нашата завршена работа, а знаеме дека Ред Бул секогаш имале меѓу најдобрите шасии во спортот и така знаеме која е целта“, вели шефот на Рено, Фредерик Васер.

Запрашан дали постои стравување дека ривал силен како Ред Бул со ист мотор може да донесе премногу притисок на тимот, Васер не ги делеше стравувањата на Ферари дека е „срамота“ да те победи кориснички тим со ист мотор.

„Мораме да го прифатиме притисокот, да живееме под притисок. Ако не, останете дома или сменете ја работата. Притисокот е најдобро нешто да го движи овој тим“, додава Васер.

Се верува дека внатрешните дискусии во Рено веќе донеле „зелено светло“ за договор со Ред Бул. Преговорите со тимот мораат да бидат брзи бидејќи според новите правила за 2017, невозможно е да се повтори ситуацијата од лани, кога до крајот на сезоната Рено немаа мотор.

Со новите правила до петок (6 мај) производителите мораат да ги известат ФИА за нивната намера да снабдуваат тимови со мотори, до 15 мај мора да се даде конечната листа,а до 1 јуни целата процедура мора да биде затворена.

Со 11 тима во шампионатот и четири производители, ФИА може да побара еден производител да снабдува најмалку три тима. Ферари (Ферари, Заубер, Хас, Торо Росо) и Мерцедес (Мерцедес, Вилијамс, Форс Индија и Мејнор) веќе имаат тимови над границата, што значи дека Рено и Хонда можат да добијат вакво барање од ФИА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...