Квјат ја загуби „Играта на тронови“ во Ред Бул

Данил Квјат открива дека дознал за неговата шокантна смена од Ред Бул во Торо Росо додека гледал „Игра на тронови“, серија позната по драматичните пресврти и исфрлањето (убивањето) на ликовите кога најмалку очекувате.

Минатата недела Ред Бул објавија дека Квјат ќе биде заменет со возачот на Торо Росо, Макс Ферстапен до крајот на сезоната, додека тој ќе се врати во малиот јуниорски тим.



Во четвртокот на официјалната прес-конференција пред Шпанското ГП, ФИА покажа дека има смисла за хумор, откако во првиот ред ги постави Квјат, Ферстапен и новиот колега на Квјат, Карлос Саинц Јуниор. Сепак, возачите покажаа одлична зрелост, одговорајќи одмерено на прашањата.

Квјат призна дека одлуката била шок, но реши да гледа позитивно на промената, велејќи дека има шанси да се докаже во Торо Росо.

„Одлуката беше мал шок за мене, но тоа е што е. Секогаш ги давав моите одговори на патеката и сега нема ништо да се смени. Има уште 17 трки до крајот, доаѓам назад во Торо Росо, тимот со кој се тркав пред две години, тим кој многу ми се допаѓа и кој во последните денови ми даде топло добредојде. Целта е јасна - да се оди до максимум на патеката. Ако погледам назад, само пред три недели бев на подиумот, но потоа се донесоа неколку одлуки. Направив сè коректно и ништо нема да се смени кај мене“, вели Квјат.

МЕНУВАЊЕ „БЕЗ ПРИЧИНА“?

Тој посочи дека не гледа причина зошто бил сменет, но и не му се допаѓа зборот „испаднат“ од тимот.

„Немаше вистинско објаснување. Ако шефовите сакаат нешто да се случи, тогаш тоа ќе се случи. Не гледам вистинска причина за одлуката, и тоа треба да ги прашате нив“, додава Русинот.

На крајот, Квјат откри како одело неговото „праќање“ во Торо Росо.

„Лежев на софата, гледав ТВ серија, ’Игра на тронови’. Тогаш добив повик и ми кажаа - имаме вести за тебе. Мислам дека зборував 20 минути. Сакав да добијам многу објаснувања, и добив интересни детали, но ќе ги задржам за мене. Доктор Хелмут Марко беше на другата страна. Потоа се вратив да ја догледам серијата. Тоа е тоа“, изјави Квјат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...