Ферстапен е најмладиот победник во историјата!

Макс Ферстапен целосно ја оправда довербата на Ред Бул, стигнувајќи до победа на Шпанското ГП како најмлад возач во историјата со триумф на една Ф1 трка



Ферстапен, синот на поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен, има само 18 години и 229, со што убедливо го сруши рекордот на Себастијан Фетел, кој имаше 21 година и 73 дена кога триумфираше за Торо Росо на Италијанското ГП во Монца во 2008 година.

Тој доби место во главниот тим на Ред Бул минатата недела, кога шефовите на тимот решија да го „промовираат“ на местото на Русинот Данил Квјат, по серијата проблеми на Квјат, но и по фантастичната деби сезона на младиот Холанѓанец.

Во трка во која двајцата возачи на Мерцедес сами се „нокаутираа“ во шокантен судир во првиот круг, се очекуваше Ферари да ја искористи шансата за победа, меѓутоа Кими Раиконен (кој инаку се тркаше и со таткото на Макс, Јос) на крајот мораше да се задоволи со второто место пред колегата Себастијан Фетел.

Даниел Рикиајрдо, вториот возач на Ред Бул, кој се бореше со Фетел за место на подиумот, немаше толку среќа како Макс, откако доби дупната гума и заврши како четврти. Валтери Ботас во Вилијамс беше петти пред Карлос Саинц (Торо Росо) и Серхио Перез (Форс Индија). Поени освоија и Фелипе Маса (Вилијамс), Џенсон Батон (Мекалрен) и Данил Квјат, човекот кого Ферстапен го замени во Ред Бул.

РЕЗУЛТАТИ (ШПАНСКО ГП)

1.Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:41:40.017

2.Кими Раиконен (Ферари) +0.616

3.Себастијан Фетел (Ферари) +5.581

4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +43.950

5.Валтери Ботас (Вилијамс) +45.271

6.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +1:01.395

7.Серхио Перез (Форс Индија) +1:19.538

8.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:20.707

9.Џенсон Батон (Мекларен) +1 круг

10.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг

11.Естебан Гутиерез (Хас) +1 круг

12.Маркус Ериксон (Заубер) +1 круг

13.Џолион Палмер (Рено) +1 круг

14.Кевин Магнусен (Рено) +1 круг

15.Фелипе Наср (Заубер) +1 круг

16.Паскал Верлајн (Мејнор) +1 круг

17.Рио Харјанто (Мејнор) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

18.Роман Грожан (Хас)

19.Фернандо Алонсо (Мекларен)

20.Нико Хулкенберг (Форс Индија)

21.Луис Хамилтон (Мерцедес)

22.Нико Розберг (Мерцедес)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Нико Розберг (Мерцедес) 100

2.Кими Раиконен (Ферари) 61

3.Луис Хамилтон (Мерцедес) 57

4.Себастијан Фетел (Ферари) 48

5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 48

6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 38

7.Фелипе Маса (Вилијамс) 36

8.Валтери Ботас (Вилијамс) 29

9.Данил Квјат (Торо Росо) 22

10.Роман Грожан (Хас) 22

11.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 12

12.Фернандо Алонсо (Мекларен) 8

13.Серхио Перез (Форс Индија) 8

14.Кевин Магнусен (Рено) 6

15.Нико Хулкенберг (Форс Индија) 6

16.Џенсон Батон (Мекларен) 3

17.Штофел Фандорне (Мекларен) 1

КОНСТРУКТОРИ

1.Мерцедес АМГ 157

2.Скудерија Ферари 109

3.Ред Бул Рејсинг Рено 94

4.Вилијамс Мерцедес 65

5.Скудерија Торо Росо Ферари 26

6.Хас Ферари 22

7.Форс Индија Мерцедес 14

8.Мекларен-Хонда 12

9.Рено Ф1 6

-.Заубер Ферари 0

-.Мејнор Мерцедес 0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...