Односите Розберг-Хамилтон повторно на тапет

Првпат по повеќе од пет години тимот на Мерцедес си замина дома без финиш на едно ГП, откако Луис Хамилтон и Нико Розберг се судрија во првиот круг од Шпанското ГП



Во „Сребрената стрела“ одеднаш мораа да се справуваат со колективна главоболка, која наликува на проблемите од 2014, додека гледаа како Ф1 добива нов најмлад победник во ликот на Макс Ферстапен.

Со судирот се прекина низата победи на Розберг - четири оваа година и седум севкупно, а Мерцедес првпат заминаа без финиш од Австралиското ГП од 2011. Уште полошо, ситуацијата отвори „стари рани“ меѓу двајцата возачи.

Тензијата и емоциите беа присутни во недела навечер, кога возачите зборуваа со новинарите откако прво беа ослободени од вина откако стјуардите го оценија инцидентот само како „тркачка незгода“. Двајцата возачи „потајно“ се обвинија за судирот, а тимот ќе има што да средува освен да внимава на Ферари и Ред Бул.

Хамилтон изјави дека се извинил на тимот, но не ја прифати вината за обидот да го претекне Розберг на внатрешната страна на четвртата кривина. Розберг, кој призна дека неговиот мотор не бил со вистинскиот „сетинг“, одговори дека ја бранел својата позиција и дека бил изненаден од потегот на Хамилтон.

Шефот на тимот, Тото Волф, сакаше да ја намали тензијата и да оди на „линијата“ на стјуардите велејќи дека „секој возач смета дека никогаш не е виновен“.

РОЗБЕРГ ЌЕ ПОЧЕКА ЗА СРЕДБА СО ХАМИЛТОН

Нико Розберг ќе почека уште неколку дена да одлучи дали му се потребни „разговори“ со Хамилтон по судирот. Поранешните пријатели од детството, Розберг и Хамилтон трета година едноподруго се борат за титулата, и несомнено тензијата повторно се крева.

Розберг, кој е син на светскиот шампион од 1982 година, Кеке, се врати со својот приватен авион во Монако за вечера со своите родители, а најави дека ќе одлучи дали треба да зборува со Хамилтон пред следната трка на календарот, која се одвива токму во малото кнежевство.

„Тоа е нешто за што треба да размислам во следните неколку денови. Можам да ви кажам дека сум многу разочаран, бидејќи ова беше моја трка за победа. Не сум разочаран само за мене туку и за сите во тимот бидејќи знам колку работа е вложено во овие два болиди и нешто најлошо беше двајцата да завршиме надвор од патеката“, изјави Розберг.

ЛУИС: „СУДИРОТ НЕ МЕНУВА НИШТО“

Од друга страна, Луис Хамилтон смета дека судирот нема да смени ништо во односите со неговиот колега од Мерцедес. Иако шефот на тимот, како и стјуардите не гледаа вина во двајцата возачи, мислењето на возачите и на фановите беше поделено - дел од нив сметаат дека Хамилтон едноставно се обидел да помине каде што не можел.

„Искрено, судирот не менува ништо. Ќе продолжиме да се тркаме и нормално, ќе се обидеме ваква ситуација да не се повтори. Ќе се тркаме и ќе биде слично и во Монако бидејќи немаш вистински шанси за претекнување“, вели Хамилтон.

Запрашан дали Розберг е поагресивен оваа година, Хамилтон не се согласува.

„Не, не колку што сум забележал. Сигурно вози многу добро“, вели Хамилтон.

И шефот Тото Волф не очекува дека ќе има промена во динамиката во тимот.

„Мислам дека двајцата знааат што се очекува од нив. Го забележивме и тоа во разговорите по трката. Јасно е дека нема да очекуваме опуштена ситуација, но 100% сигурен сум дека тоа нема да влијае негативно на нивните односи“, додава Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...