Фетел за Розберг: „Само ако не флертува со мене!“

Себастијан Фетел се обиде да ги намали шпекулациите дека Нико Розберг „флертува“ со Ферари за место во 2017. Италијанскиот веб-сајт „Кориере“ тврдеше дека возачот на Мерцедес и лидер во генерален пласман Розберг бара место во италијанскиот тим покрај Фетел ледната година. Розберг и колегата на Фетел, Кими Раиконен, остануваат без договори на крајот на сезоната.

На Руското ГП, Розберг откри дека не почнал со вистински преговори со Мерцедес за продолжување на договорот, но дека е прерано за такво нешто. На тестирањето во Барселона, Фетел одби да шпекулира кој тоа ќе биде негов клупски колега во Маранело следната година.

Запрашан за шпекулациите на италијанските медиуми, Фетел со насмевка одговори: „Сè додека не флертува со мене, тоа се добри вести. За што било друго треба да го прашате нашиот шеф, Маурицио Аривабене“.

Розберг е во Мерцедес од 2010 година, кога германскиот производител го презеде шампионскиот тим на Браун, покрај Михаел Шумахер. Тој доби „повеќегодишно“ продолжување на договорот во јули 2014, кога водеше во генерален пласман пред Хамилтон, пред потоа да ја загуби титулата. Тој изјави дека е задоволен во „Сребрената стрела“, но не ги демантираше шпекулациите.

„Среќен сум во Мерцедес, но да видиме што носи иднината“, изјави Розберг.

Речиси е сигурно дека Раиконен, најстариот возач во Ф1 со 36 години, ќе си замине од Ф1 на крајот на сезоната, откако неодамна Аривабене изјави дека иднината на Финецот е во негови раце пофалувајќи ги неговите перформанси на Шпанското ГП.

Покрај овие шпекулации, претежно во италијанските медиуми, шефот на Мерцедес, Тото Волф, во вторникот призна дека доколку Розберг не го продолжи договорот со „Сребрената стрела“, тие ќе размислат да го ангажираат Фернандо Алонсо, кој сè уште чека на големите ветувања во Мерцедес-Хонда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...