Фетел: „Макс си ги заслужи рекордите“

Себастијан Фетел не е вознемирен што 18-годишниот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен го сруши неговиот рекорд и стана најмлад победник во Формула 1.

Со триумфот на Шпанското ГП во Барселона, Ферстапен го помина рекордот на Фетел за 210 дена за да стигне до првата победа во втората сезона во спортот. Фетел го имаше рекордот откако победи на Италијанското ГП во Монца во 2008 година за тимот на Торо Росо, но сега смета дека возраста е нерелевантна околу победувањето во Ф1.

„Рекордите се тука за да бидат скршени. Бев толку возбуден кога победив првпат што не ми беше грижа дали имам 20 или 25 години. Мислам дека не е важно колку си стар. Ако си доволно брз да бидеш во Формула 1, не се важни годините. Мислам дека Михаел Шумахер се тркаше до 43 години. Се сретнав со Стирлинг Мос пред неколку недели и иако тој престана да вози во своите 30-ти години можеше лесно да победува до своите 50-ти. Секако, сега болидите се полесни за возење од времето кога јас почнував. Видете го Кими, кој е фит и на 36 години и вози бргу“, вели Фетел.

Тој исто така посочи дека неговите Ферари имаат апсолутно агресивна стратегија, која можеби нема да функционира на секоја трка. Германецот инсистира дека вози подобар болид од тој во 2015, иако пред една година веќе имаше една од трите победи.

„Станавме подобри, но резултатите уште не го покажале тоа. Има разлика до Мерцедес, но таа е многу помала. Не можете да придвижите планини преку ноќ. Го даваме нашиот максимум, можеби понекогаш и премногу. Но, мораме да се обидеме со сè“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...