Хамилтон го надмудри Фетел во Монтреал

Хамилтон имаше само едно влегување во боксот, со кое успеа да го победи Фетел, бидејќи возачот на Ферари двапати беше во боксот. Ова е втора победа едноподруго за Хамилтон на патеката „Жил Вилнев“ и петта во Канада во кариерата, со која ја намали предноста на Нико Розберг на само 9 поени по лошиот старт на сезоната.

„Имав уште еден навистина лош старт, и не сум сигурен зошто. Среќа што со Нико не ги оштетивме болидите, а потоа беше забавно да се брка Фетел. Сет-апот беше вистински. Тука победив првпат во кариерата во 2007 и оваа победа е исто толку слатка. Има многу работа пред нас, а другите момци се побрзи и побрзи“, вели Хамилтон.

Валтери Ботас покажа дека Вилијамс се уште се силни со третото место пред холандскиот тинејџер Макс Ферстапен во Ред Бул, и лидерот во генерален пласман, Нико Розберг, кој имаше уште една тешка трка.

Кими Раиконен беше шести во второто Феари, пред Даниел Рикијардо (Ред Бул), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Карлос Саинц (Торо Росо) и Серхио Перез (Форс Индија).

Хамилтон ја загуби пол-позицијата на стартот од Фетел, кој од третото место на стартот ги помина двајцата возачи на Мерцедес. Одбивајќи да ја предаде втората позиција на Розберг, Хамилтон го „истурка“ Германецот на тревата и тој падна на 10. место до крајот на првиот круг.

Трката беше неутрализирана зад „виртуелно“ безбедносно возило во 10. круг, кога Џенсон Батон застана со откажување на моторот. Ферари го внесоа Фетел во боксот на супер-меки гуми и тој загуби само 11 секунди во боксот.

Фетел ги помина двајцата возачи на Ред Бул, и по влегувањето на Хамилтон во боксот во 24. круг, тој стана лидер, меѓутоа беше јасно дека уште еднаш ќе биде во боксот. Фетел не успеа да направи голема разлика, откако Хамилтон остана под 10 секунди зад Германецот.

Розберг имаше дополнителни проблеми, откако доби дупната гума на 20 круга пред крајот, по што мораше во боксот и излезе на седмото место со меки гуми, оставајќи ја борбата за последното место на подиумот меѓу Ботас и Ферстапен. Фетел успеа да дојде на 4.4 секунди до 50-тиот круг, но тоа беше се што можеше да направи.

Ф1 возачите немаат време за одмор, бидејќи веќе следниот викенд на програма е Европското ГП, односно првата трка во историјата во Баку, Азербејџан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...