Монтеѕемоло: „Ф1 мора да мисли за ерата по Берни“

На Формула 1 ќе ѝ бидат потребни тројца луѓе за да го заменат Берни Еклстоун, кога тој, конечно, ќе замине, вели поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло.

Шпекулациите за можната замена на 85-годишниот Еклстоун се во Ф1 веќе подолго време и покрај неговите тврдења дека засега нема да има промена.

Но, Ди Монтеѕемоло, кој помина 23 години ан чело на Ферари до заминувањето во 2014, вели дека еден човек не може да ги заврши сите работи на Еклстоун. Според него, на спротот му претстои целосно реструктуирање кога 85-годишниот Англичанец ќе замине.

„Порано или подоцна, Ф1 мора да размислува за замена на Берни. Тој е фантастична личност и ќе биде невозможно да се најде еден човек кој ќе го замени. Потребна е нова влада. Подобро да има тројца различни луѓе на тоа место. Мала група луѓе која ќе биде силна во сите оддели, некој да го води спортот, некој кој знае што чувствува пазарот и што чувствуваат фановите“, вели Ди Монтеѕемоло.



Ди Монтеѕемоло, кој сега работи за италијанската авио-комапнија „Алиталија“, беше прашан дали тој е човекот кој може да го води спортот.

„Јас би бил најдобар на светот за оваа работа, но можеби сега е време за некои други луѓе“, вели Монтеѕемоло.

„Архитектот“ на славните години на Ферари со Михаел Шумахер, останува критичар на модерната Ф1 со турбо-хибридни мотори.

„Ф1 мора да остане екстремен спорт. Денеска болидите се преспори. Бев несреќен кога ја слушнав бучавата од модерните мотори. Можете ли да ја замислите Италија без паста? Ни треба музиката од моторите, контакт со публиката. Има многу работи кои недостасуваат“, додава Монтеѕемоло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...