Розберг победник на трката во Баку

Возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман во Ф1 Нико Розберг победи на денешната трка за Големата награда на Европа што се возеше во Баку.

Ова за него е 19.та победа во кариерата, а петта сезонава со што се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман. Второто место му припадна на возачот на Ферари Себастијан Фетел, а трет е Серхио Перез од Форс Индија.

На позицијата број 4 заврши Кими Раиконен од Ферари, а зад него се пласира шампионот Луис Хамилтон (Мерцедес), кој стартуваше од десетото место.

Во генералниот пласман води Розберг со 141 бодови, пред Хамилтон со 117 и Фетел со 96. Кај конструкторите води Мерцедес со 258 бодови, пред Ферари со 177.

Следната трка се вози на 3.јули за Големата награда на Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...