Хамилтон и забраната на радио-комуникацијата

Европското ГП во Баку покрај интересната трка на ново место за спортот и победата на Нико Розберг, ќе остане запаметена по „епската“ комуникација на Луис Хамилтон и Кими Раиконен со своите тимови преку радиото.

Хамилтон поголем дел од трката се обидуваше да пронајде како да го смени сетингот на моќта на моторот, а неговиот тим не можеше да му пружи помош бидејќи тоа е забрането со правилата, додека Раиконен исто така не доби совети за решавање на својот проблем од Ферари.



Шансите на двајцата возачи за подиум исчезнаа поради проблемите - Раиконен беше четврти, а Хамилтон петти и нормално не беа задоволни од ситуацијата на забрана за техничката комуникацијата со тимот.

„Не ја гледам целта. ФИА ја направи Формула 1 толку техничка, што има 100 или 200 различни подесувања и нема шанси јас да знам каде е проблемот“, изјави Хамилтон.

Раиконен не беше толку загрижен.

„Мислев дека им е дозволено да кажат барем да или не, но ниту тоа не е случајот“, вели Раиконен.

Не-извршниот директор на Мерцедес, Ники Лауда откри дека и Нико Розберг имал сличен проблем на патот до победата. Лауда, ветеран од славните денови на Ф1 во 1970-тите беше во боксот на тимот.

„Тешко е за возачите. Во овој случај се работеше за мод на работа на моторот и нема да им кажуваме. Возачите треба да одлучат сами“, вели Лауда.

Возачот на Мекларен, двократниот шампион Фернандо Алонсо вели дека со модерните болиди кои наликуваат на „вселенски бродови“, ограничување на комуникацијата е погрешно.

„Од почетокот ова правило не беше ОК бидејќи ни дадоа вселенски брод за возење со толку технологија и сега немаме доволно информации. Тешко е да се знае што се случува со болидот во одредена ситуација и се надевам дека во иднина ќе го решиме ова“, вели Алонсо.

Според возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ситуацијата не менува многу за возачите.

„Мислам дека тоа е глупост бидејќи не се менува многу. Има многу работи за кои би сакале да го прашате тимот и има многу работи кои тимот сака да ти ги каже. Но, тоа не го прави болидот да оди побргу, но некои сметаат поинаку. Според мене, тоа не менува ништо“, смета Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...