Бриаторе: „Јас го натерав Алонсо да оди во Мекларен“

Флавио Бриаторе првпат признава дека трансферот на Фернандо Алонсо во Мекларен-Хонда можеби беше грешка. Бриаторе, иако беше суспендиран од Ф1 поради скандалот „крешгејт“, постојано е менаџер на Алонсо, со кого претходно работеа заедно во Рено.

66-годишниот Бриаторе во интервју за „ГР Парламенто РАИ“ радио-станицата вели дека Алонсо не жали за петте години поминати во Ферари.

„Мислам дека Ферари е тимот кој тој најмногу го сакаше. Но, имаше време кога многу луѓе зборуваа во тимот и тоа беше неиздржливо. Не беше грешка на менаџерскиот тим на Скудерија, туку на многу гласини. Тој беше критикуван дека не е поуспешен, но во болидот не можеше да се стигне ниту во вториот ред. Тој ќе беше светски шампион во 2010, доколку тие не направија стратешка грешка“, вели Бриаторе.



Во 2010 година, Алонсо беше лидер во генерален пласман до последната трка од сезоната, пред Марк Вебер и Себастијан Фетел во Ред Бул. Ферари решија да ја „следат“ стратегијата на Вебер, и Алонсо заглави на шестото место, додека му беше потребно да е четврти за да ја освои титулата. Фетел победи на трката и ја освои првата своја титула.

Алонсо се пресели од Ферари во Мекларен-Хонда на крајот на сезоната 2014, со ветување дека старо-новото партнерство ќе донесе големи успеси. По мизерната прва сезона, оваа година работите се подобри, но тимот е далеку од постојано освојување поени, а да не зборуваме за подиуми и победи.

Бриаторе вели дека возењето во средината на Ф1 е како „луксузно пензионирање“ за 34-годишниот Шпанец.

„Пред некој ден некој новинар праша дали тој ќе победува повторно и сите се смееја. Алонсо има важен договор со Мекларен, бидејќи јас мислев дека Хонда досега ќе биде конкурентна. Тоа можеби е моја грешка бидејќи јас му советував да оди во тој тим, бидејќи верував во Мекларен. Ако ги погледнете резултатите, нема што друго да се додаде“, вели Бриаторе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...