Розберг: „Повторно ќе имаме проблеми со Луис“

Нико Розберг не е сигурен во тврдењето на неговиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, кој изјави дека двајцата повторно се пријатели по смирениот разговор покрај базенот во Монте Карло, и Германецот дури очекува повторно да има проблеми меѓу нив двајца.

Розберг и Хамилтон оваа сезона се посмирени надвор од патеката, но, сепак, имаа еден судир на Шпанското ГП. Ова е промена од 2014, кога во жештината на борбата за титулата се кажаа и лоши зборови и во тимот на Мерцедес имаше атмосфера на криза, по што дури од тимот ги предупредија дека ако не можат да работат заедно, некој ќе мора да замине.



Светскиот шампион Хамилтон неодамна изјави дека односите со Розберг се на најдобро можно ниво, откако двајцата се дружеле покрај базенот во близината на нивните станови во Монако.

„Кога завршив неколку круга во базенот, седевме и зборувавме 20-тина минути“, изјави Хамилтон во интервју за британскиот „Мејл он сандеј“.

Розберг, кој беше во Хокенхајм во вторникот работејќи на промоција на Мерцедес, вели дека ситуацијата не е сменета.

„Односите се исти како и секогаш. Нагоре и надолу. Основниот почит е секогаш тука, но сигурен сум дека повторно ќе имаме проблеми“, вели Розберг во интервју за германската новинска агенција „ДПА“.

РОДЕНДЕНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА НИКО

Розберг, кој во понеделникот наполни 31 година, во Хокенхајм доби вистинско изненадување од неговиот тим - доби шанса да го вози Мекларен-Мерцедес МП4/13 болидот со кој неговиот идол Мика Хакинен ја освои титулата во 1998 година.

„Мика беше мојот идол! Не знаев за никој друг“, изјави насмеаниот Розберг.

Во тој период, менаџер на Хакинен беше таткото на Нико, светскиот шампион од 1982 година и младиот Германец имаше шанси да се дружи со легендарниот „летечки Финец“.

ВИЛИЈАМС ПОСИЛНИ ОД РЕД БУЛ И ФЕРАРИ

Розберг смета дека тимот на Вилијамс ќе биде поголема закана за Мерцедес отколку Ферари или Ред Бул на Австриското ГП овој викенд, кога тој ќе брка хет-трик победи во Шпилберг, откако го зголеми водството пред Хамилтон на 24 поени по победата во Баку.

Од враќањето на Шпилберг на Ф1 календарот во 2014 по десетгодишна пауза, со ново име Ред Бул Ринг, Розберг донесе две победи за Мерцедес.



„Ќе биде тешко посебно против Вилијамс бидејќи патеката им одговара. Сепак, мислам дека нашата ’Сребрена стрела’ е дефинитивно најдобриот болид и едвај чекам да покажеме што знаеме во Шпилберг. Би било совршено да имам три во низа таму“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...