Лауда ги повлече изјавите за Хамилтон

Тимот на Мерцедес ги демантираше изјавите на Ники Лауда дека Луис Хамилтон ја „демолирал" собата на Европското ГП во Баку или дека лажел за неговите односи со Нико Розберг.

Во неверојатно искрено интервју за „Сервус ТВ“, австриската ТВ-станица во сопственост на Ред Бул, кое било снимено минатиот петок, но се објави во понеделникот навечер, Лауда исто така зборуваше за „лагата“ на Хамилтон дека „се согласува најдобро досега“ со колегата Нико Розберг.

Лауда ги потврди шпекулациите дека Хамилтон бил бесен по квалификациската грешка во Баку.

„Тој го направи тоа бидејќи се судри. Ќе мора да плати за уништената соба, тоа е сигурно. Мене не ме пушти да влезам бидејќи ќе уништи сè. Така знам за тоа“, вели Лауда, кој е на позицијата не-извршен директор во Мерцедес.

Иако односите меѓу Хамилтон и Розберг повторно свртеа кон лошо на Австриското ГП во недела, кога се удрија во последниот круг и интервјуто беше направено претходно, Лауда и тогаш знаел дека односите меѓу нив двајца не се најдобри.

„Луис лажеше за тоа, толку едноставно. Тој мораше да каже нешто. Сакаше да ја омекне ситуацијата за да добие мир. Тој прави сè што може. Колку подолго Нико е прв, толку пожешка ќе стане битката“, завршува Лауда.

Мерцедес во средата преку официјално соопштение го демантираа ова и посочија дека Лауда „жали за недоразбирањето“ предизвикано од неговите коментари.

„По појавувањето на Сервус ТВ, Ники Лауда би сакал да изјави дека Луис Хамилтон на никој начин не оштетил хотелска соба или неговата приватна соба во Баку, и дека не лажел за односите со колегата Нико Розберг. Ники жали за недоразбирањата предизвикани од неговите коментари кои беа дадени во поинаков контекст“, се вели во соопштението на Мерцедес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...