Мерцедес: „Возачите се слободни да се тркаат, но...“

Луис Хамилтон и Нико Розберг ќе можат слободно да се тркаат на Британското ГП во Силверстоун овој викенд, откако Мерцедес решија да не воведуваат тимски наредби по судирот во последниот круг на трката во Австрија.

Ова доаѓа по состанокот на возачите со шефовите на тимот во седиштето во Брекли, Британија. По разговорите на возачите со шефот Тото Волф и техничкиот директор Педи Лоув, беше јасно кажано дека тие ќе бидат слободни да се тркаат за титулата, но дека мораат да работат заедно за да се одредат правилата на однесување.

„Оваа слобода доаѓа со задача за нашите возачи да ги почитуваат вредностите на тимот. Во последните три трки имаше три инциденти кои нè чинеа над 50 поени во генерален пласман. Затоа ќе имаме построги правила на однесување да се спречат контактите меѓу нашите болиди. Веруваме дека нашите возачи ќе ја менаџираат ситуацијата на патеката. Нивната судбина е во нивни раце“, вели строгото соопштение на тимот.

Сепак, од тимот посочија дека ако се случат нови инциденти, дека ќе се размисли за тимските наредби.

„Возачите беа потсетени дека можеме да издаваме инструкции за заштита од губење на поени како што направивме во Монако кога на Нико му беше кажано да го пушти Луис. Ако возачите не го почитуваат тоа, последен избор се тимските наредби. Веруваме дека Нико и Луис се најдобрите возачи во Формула 1. Од 2013 имаме 43 победи и 40 дополнителни подиуми со нив и тоа кажува многу“, се додава во соопштението.

За Хамилтон новите правила нема да го сменат неговиот пристап кон тркањето.

„Искрено, мојата судбина секогаш била во моите раце. Со ова не се менува ништо. Сè уште можеме да се тркаме, и тоа е позитивно. Нема тимски наредби, што е одлично за фановите, така што сите би требало да се задоволни. Дали заканите се страшни? Би требало да кажам да“, изјави Хамилтон.

Тој не сакаше да даде детали за начинот на кој ќе се одредува што е дозволено, а што не е дозволено, откако во Остин и Сузука тие не се судрија, но имаа контроверзни трки.

„За жал, сè што се кажа ќе остане приватно и доверливо. Сè уште можеме да се тркаме. Во сите тие трки, стјуардите оценија дека се тркам и сè уште ќе продолжам така“, додава Англичанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...