Хамилтон покажа кој е газда на Силверстоун

Апсолутната доминација во текот на целиот викенд Луис Хамилтон ја заокружи со триумф на Големата награда на Велика Британија. Хамилтон, кој ја имаше поддршката од домашната публика, беше доминантен на патеката Силверстоун и на крајот заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Дека е апсолутен фаворит за победата Британецот покажа и откако беше најдобар во сите три петочни тренинзи, а на саботната борба за пол-позицијата повторно извозе најбрзо време.

СТАРТОТ СО БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО

Традиционално за Велика Британија дождлива патека ги пречека возачите пред стартот. Дождот на некои делови направи и вирови со вода, па организаторите решија стартот да биде во придружба на безбедносното возило. Тоа беше на патеката во првите шест круга, а откако патеката почна да се суши, почна и вистинската трка.

Хамилтон и во вакви услови на патеката, не дозволи да излезе од ритам. Во текот на целата трка ја имаше контролата на лидерската позиција. На крајот со предност од шест секунди пред тимскиот колега Нико Розберг, ја помина стартно-целната линија. Актуелниот светски првак Розберг се обиде да го притисне Хамилтон, но Британецот не му дозволи на Германецот да се доближи и да не се случи инцидент како што тоа беше минатата недела. Тогаш двајцата тимски колеги се судрија, а Розберг кој беше лидер на крајот мораше да заврши на четвртото место.

ВЛЕГУВА ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ

За Хамилтон ова беше четврта победа на последните пет трки сезонава. Откако беше најдобар во Монако, потоа победи во Канада, а втор заврши за ГН на Европа. Пота во контроверзната трка се радуваше во Австрија, а сега и во Велика Британија повторно е најбрз.

Пред домашните навивачи, Хамилтон има посебна инспирација и мотивација да победува. за него ова беше трета победа во низа, а вкупно четврта во кариерата на Силверстоун. „Многу сум благодарен на навивачите. Тука се најдобрите навивачи. Традиционалното англиско време се појави токму за време на трката. Условите не беа најдобри за возење, но најважно од сѝ е тоа дека обожавам да се тркам на оваа патека. Секогаш ми носи радости“, рече Хамилтон по победата.

Со овој триумф Хамилтон се израмни со Најџел Менсел, кој исто така во кариерата се радувал на четири победи на Силверстоун. Рекордер на оваа патека со пет радост останува да биде легендарнито Џими Кларк. Следната сезона секако тоа ќе биде новиот мотив на Хамилтон да се обиде повторно да биде најдобар.

САМО ЧЕТИРИ БОДА ЗАД ЛИДЕРОТ РОЗБЕРГ

Ситуацијата во генералниот пласман сега е уште понеизвесна. Хамилтон со новите 25 бода се доближи само на четири поени негатива зад лидерот Розберг. Со троцифрен број на бодови досега се само уште и Кими Раиконен (106) и Даниел Рикиардо (100), но сепак многу веројатно е дека само двајцата возачи на Мерцедес ќе останат во шампионска трка.

Следфното возбудување во Ф1 шампионатот ќе биде на 24 јули, на патеката Хунгароринг во Будимпешта, за големата награда на Унгарија.



РЕЗУЛТАТИ ОД ТРКАТА ВО СИЛВЕРСТОУН

Возач Тим Време

Луис Хамилтон (ВБр) Мерцедес 1:34:55,831

Нико Розберг (Гер) Мерцедес +6,911

Макс Верстапен (Хол) Ред Бул 8,250

Даниел Рикиардо (Аус) Ред Бул 26,211

Кими Раиконен (Фин) Ферари 1:09,743

Серхио Перез (Мек) Форс Индија 1:16,941

Нико Хулкенберг (Гер) Форс Индија 1:17,712

Карло Сајнц (Шпа) Торо Росо 1:25,858

Себастијан Фетел (Гер) Ферари 1:31,654

Даниел Квијт (Рус) Торо Росо 1:32,600

Фелипе Маса (Бра) Вилијамс 1 круг

Џејсон Батон (ВБр) Мекларен 1 круг

Фернандо Алонсо (Шпа) Мекларен 1 круг

Валтери Ботас (Фин) Вилијамс 1 круг

Фелипе Наср (Бра) Хас 1 круг

Кевин Магнусен (Нор) Рено 1 круг



ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - ВОЗАЧИ

Возач Тим Поени

Нико Розберг (Гер) Мерцедес 171

Луис Хамилтон (ВБр) Мерцедес 167

Кими Раиконен (Фин) Ферари 106

Даниел Рикиардо (Аус) Ред Бул 100

Себастијан Фетел (Гер) Ферари 98

Макс Верстапен (Хол) Ред Бул 87

Валтери Ботас (Фин) Вилијамс 54

Серхио Перез (Мек) Форс Индија 47

Фелипе Маса (Бра) Вилијамс 38





ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН - КОНСТРУКТОРИ

Тим Поени

Мерцедес 338

Ферари 204

Ред Бул 195

Вилијамс 92

Форс Индија 73

Торо Росо 41

Мекларен 32

Хас 28

Рено 6

Манор 1



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...