ФОРМУЛА 1 В НЕДЕЛА НА ПРОГРАМАТА Е ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА УНГАРИЈА

„Сребрените стрели“ се острат за нова победа

Лидерите во генералниот пласман, Луис Хамилтон и Нико Розберг, очекуваат да доминираат на познатата патека Хунгароринг во Унгарија. Од Ред Бул најавија прекинување на серијата на Мерцедес

Овој викенд на распоредот во Формула 1 е трката за Големата награда на Унгарија, на која Ред Бул и Ферари, конечно, можат да се надеваат на прекинување на серијата победи на „сребрените стрели“ на Мерцедес. Луис Хамилтон и Нико Розберг доминираа на последните пет трки во шампионатот. но овој пат и ривалите можат да се надеваат на место на подиумот пред се Ред Бул, чии болиди се „кроени по мерка“ за патеката Хунгароринг.

Во последните две сезони гледавме фантастични трки: победа на Даниел Рикијардо со Ред Бул кој во последните кругови ги претекна Хамилтон и Алонсо во 2014 година, како и таа на Себастијан Фетел кој заврши пред два возачи на Ред Бул, Квијат и Рикијардо во драматичната бркотница минатата година. Последната победа Мерцедес ја забележа во 2013 година кога на првото место на пиедесталот се искачи Луис Хамилтон.

Хунгароринг е патека полна со предизвици. Долга е 4.381 километри и има 14 свиоци, а во минатото идеална за претекнување беше стартно-целната рамните. Новата технологија со потхранување со енергија и новите подобрени гуми им овозможуваат на возачите оваа сезона напади и на некои други места. „Пирели“ на возачите за оваа трка нуди средно тврди, меки и супермеки гуми. Ќе биде интересно да се види кои ќе функционираат најдобро в недела.

Сепак, први фаворити остануваат возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг кои по Силверстоун ги дели еден поен на врвот во генералниот пласман. Не смееме да го заборавиме и минатогодишниот победник Себастијан Фетел, како ни Кими Раиконен...

„СТРЕЛИТЕ“ ФРЧЕА НА ПРВИТЕ ТРЕНИНЗИ

Хамилтон и Розберг покажаа дека се во врвна форма и дека се подготвени за триумф на Хунгароринг. На петочните тренинзи тие беа најбрзи и само потврдија дека нивните болиди се добро темпирани и можат да одговорат на предизвиците кои ги „нуди“ патеката.

Двајцата беа најбрзи на првиот тренинг, со тоа што Хамилтон беше првопласиран со 0.237 секунди побрзо време од клупскиот колега. Третото и четвртото место беа резервирани за возачите на Ферари додека петтото и шестото за возачите на Ред Бул.

На вториот слободен тренинг Нико Розберг оствари најдобро време, а второ време постави Даниел Рикијардо со Ред Бул, а трето Фетел од Ферари. Четврто време со повеќе од една секунда заостанување оствари Макс Ферстапен, додека кругот од пет возачи го затвори Луис Хамилтон. Токму Британецот имаше излетување по кое удри во заштитната бариерата, успеа да се извлече и да го однесе болидот во боксот, но повеќе не се врати на патеката. За време на двата тренинга и другите возачите пријавија проблеми со лизгање.

НЕЗАДОВОЛСТВО ОД РАДИО-ОГРАНИЧУВАЊАТА

Пред ГН на Унгарија, ФИА издаде нова директива во која им дозволува на тимовите да ги известат возачите за можните проблеми со болидот. Меѓутоа, каква било порака со таква содржина мора да биде неповратна одлука возачот да влезе во боксот за да се реши проблемот или за да се повлече болидот од трката.

Оваа директива доаѓа по проблемите на Нико Розберг во последните кругови на Силверстоун кога побара помош од тимот околу менувачот. Германецот по трката доби казна од 10 секунди и остана без второто место.

„Тоа се глупости. Дополнително ја гледав трката на Силверстоун и како гледач ми беше интересно да слушнам како возачот и тимот истовремено паничат. Мислам дека човечкиот елемент ја направи целата работа интересна и затоа радио-ограничувањата се погрешни. Се обидуваат да го направат овој спорт здодевен“, изјави четирикраниот светски првак Себастијан Фетел.

Освен радио-ограничувањата топ тема пред стартот на трката во Унгарија се границите на стазата и нивно почитување, а ФИА на Хунгароринг отиде чекор понапред и воведе електронски надзор на излезите на четвртиот и единаесеттиот свиок кој ќе им покаже кој болид отишол прешироко.

„Мислам дека ФИА е виновна што изградија патеки на кои побрзо се излегува од неа отколку да се остане на неа. Прошетав низ патеката и беше разочарувачки“, вели Фетел.



МАСА: ВО УНГАРИЈА ГИ ИМАМ НАЈВЕРНИТЕ ФАНОВИ

Пред седум години на Хунгароринг, Фелипе Маса имаше сериозен инцидент. За време на квалификациите се откачи една пружина од болидот на Рубенс Баричело и го удри Маса по главата, а тој се „заби“ во заштитниот ѕид. Маса беше однесен во болница и претрпе операција околу левото око, а лекарите признаваат дека бил во животна опасност. Маса бргу се врати на патеките и сè уште вози одлично.

„Имам многу спомени на оваа патека, меѓу кои и инцидентот од пред неколку години. Но исто така тука ги имам и најверните фанови. Дури и ми праќаат подароци. Навистина тука се чувствувам посебен. А што се однесува до патеката, таа бара многу концентрација и трпение. Исто така прилично е тешка и за гумите. Едвај чекам да почне“, изјави Маса.



Розберг продолжи со Мерцедес

Германскиот возач Нико Розберг стави потпис на двегодишен договор со Мерцедес до 2018 година што значи дека ќе останат тимски колеги со Луис Хамилтон уште две сезони. Розберг моментално е лидер во шампионатот со бод предност во однос на Братанецот, кој е актуелен шампион.

„Среќни сме. Ние сакавме да ја продолжиме соработката затоа што веруваме дека Нико е вистинскиот возач за нас. Тој потпиша и тоа е најважно за нас. Сега можеме да се посветиме на другите важни работи освојување на трките“, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1. Нико Розберг (Мерцедес) 168 поени

2. Луис Хамилтон (Мерцедес) 167

3. Кими Рајконен (Ферари) 106

4. Даијел Рикардо (Ред Бул) 100

5. Себастијан Фетел (Ферари) 98

6. Макс Верстапен (Ред Бул) 90

7. Валтери Ботас (Вилијамс) 54

8. Серхио Перез (Форс Индија) 47

9. Фелипе Маса (Скудерија) 38

10. Роман Грожан (Хас) 28



ПЛАСМАН КОНСТРУКТОРА

1. Мерцедес 335

2. Ферари 204

3. Ред Бул 198

4. Вилијамс 92

5. Форс Индија 73


САБОТА (23.07.2016)

Трет слободен тренинг 11 ч.

Квалификации 14 ч.

НЕДЕЛА (24.07.2016)

Главна трка 14 ч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...