Алонсо: Сега односите со Луис би биле поинакви

Фернандо Алонсо верува дека сега би имал хармонични односи со Луис Хамилтон доколку некогаш повторно бидат тимски колеги во Формула 1.

Алонсо и Хамилтон имаа „пеколна“ заедничка сезона во Мекларен во 2007 година, која заврши со заминување на Алонсо на крајот на сезоната по несогласувањата со шефот Рон Денис. Алонсо и Хамилтон ја пропуштија титулата во 2017 за еден поен од Кими Раиконен, но и покрај тоа што нивните односи беа речиси непријателски, двајцата оттогаш неколку пати зборуваа добро еден за друг.

Девет години подоцна Алонсо, сега вратен во Мекларен, верува дека Хамилтон и тој би работеле совршено заедно.

„Сега би било сосема поинаку. Јас сум позрел, тој е позрел. Тимовите сега се повеќе подготвени за такви ситуации. Да бев колега со Луис би било многу поинаку бидејќи двајцата сме поинакви личности. Веќе го нема тој, како да го наречам, стрес за победа, бидејќи се почитуваме. Исто така сите не почитуваат нас двајца и би возеле само за победа“, вели Алонсо.

Можноста двајцата да се најдат во ист тим е минимална бидејќи Мерцедес има договори со Хамилтон и Нико Розберг до крајот на 2018, а Алонсо има договор за следната година со Мекларен. Сепак, Алонсо вели дека публиката би сакала да го види тоа партнерство, но само доколку имаат конкурентен болид.

-Мислам дека сите би го сакале тоа, но сасмо ако имаме силен тим бидејќи сега сум во слична ситуација со Џенсон во Мекларен. Имаме силен тим, но кога не можеме да се бориме за победа, стануваме помалку анонимни. Малку кој н забележува, вели Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...