Мекларен веруваат дека Ред Бул ќе се најсилни во 2017

Спортскиот директор на Мекларен, Ерик Булие, верува дека Ред Бул ќе биде најопасниот тим следната сезона поради нивниот врвен дизајнерски тим.

Булие смета дека „револуцијата“ во техничките промени за следната година е шанса за неговиот тим да направи голем прогрес, но смета дека сите треба да бидат загрижени од Ред Бул, кои и оваа година се промовираа во втор најсилен тим зад Мерцедес.

„Искрено, повеќе сум исплашен од Ред Бул отколку од другите тимови бидејќи знам дека знаат како се развива болид“, вели Булие.

Иако Мекларен имаат забележителен прогрес и под сегашните правила, Булие вели дека ресетирањето на правилата ќе дојде во вистинско време.

„Добро е што имаме празен лист на хартија. Знам дека можеме да завршиме добра работа а ги баравме овие промени бидејќи верувавме во нашата способност да направиме добар болид и да ја намалиме разликата. Се работи за нова ера. Завршуваме еден циклус и почнуваме друг. Со различните аеродинамички правила за следната година, со поголемо крило, поголем под на болидот, наместо да бараш едно место за подобрување во воздушниот тунел ќе можеш да најдеш 10“, објаснува Французинот.

Неговиот возач Фернандо Алонсо отиде дотаму што се „закани“ дека ќе си замине од Формула 1 ако болидите не ги задоволат неговите побарувања за новата турбо-хибридна ера во спортот. Булие смета дека Шпанецот ќе биде многу позадоволен со следните болиди.

„Тој ќе биде посреќен, но мислам дека и другите ќе бидат посреќни. Кога ќе видат дека ќе имаат болид кој е 4 секунди побрз по круг, со поголема брзина во кривините, ќе го сакаат тоа. Следната година можеме да видиме поголема разлика меѓу талентите на возачите бидејќи ќе има брзина во кривините. Подобрите возачи ќе бидат дефинитивно подобри“, вели Булие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...