Браун: „Шумахер го направи Мерцедес шампионски тим“

Браун, кој беше технички шеф на Шумахер во Бенетон, Ферари и Мерцедес, вели дека веќе преговарал со 22-годишниот Германец во моментот кога тој дебитираше за тимот на Џордан на Белгиското ГП во 1991 година. Браун тогаш работеше со Том Вокиншоу во Бенетон.

„Ние го знаевме Михаел од неговите настапи во другите серии и имавме добра предност пред другите тимови. Знаевме дека го сакавме во нашиот тим. Многу е важно да се каже дека Михаел не дојде во шампионски тим, тој не направи шампионски тим. Кога во 1994 имавме болид за титула, тој ја освои“, вели пензионираниот Браун во интервју за „РТЛ“.

Начинот на кој Шумахер ја освои првата титула вечно ќе му носи непријатели - тој се судри со Дејмон Хил во Аделаида.



„Секако не е убаво да ја освоиш титулата така, но верувајте, ние ја заслуживме. Не бевме тим со производител зад нас, голем тим како Ферари, но се боревме до крај. Дојдовме под притисок бидејќи луѓето не сфаќаа како можевме да бидеме толку силни. За него тоа беше прва титула, но и за мене, така што емоциите беа силни. Тој сакаше да биде дел од тим. Тоа беше неговата сила, бидејќи знаеше дека титулите не ги освојуваш сам, туку само како тим. Ги знаеше сите мехничари, нивните сопруги и нивните деца“, објаснува Браун.

„НЕУСПЕХОТ“ СО МЕРЦЕДЕС

Прво во Бенетон, а потоа во Ферари, Шумахер ги освои седумте титули во Формула 1 со Браун како ментор, но на крајот не успеаја заедно кога Германецот се врати од пензија од 2010 до 2012 со тогаш новиот тим на Мерцедес.

„Не се сомневавме во неговата конкурентност, но навистина ме фрустрира што не му дадовме болид како што заслужуваше. Сепак, Михаел беше главен дел од процесот на растот на Мерцедес во шампионски тим“, вели Браун.

За судбината на Шумахер по пензионирањето, Браун призна дека му е „скршено срцето“. Славниот Германец падна при скијање во Француските Алпи во декември 2013 година, по што доби сериозни повреди на главата.

Оттогаш неговото семејство целосно ги „крие“ информациите за неговата состојба, и од седумкратниот шампион не е излезена ниту фотографија, и покрај шпекулациите дека постои голем прогрес и дека тој почнува да оди сам.

„Јас контактирам со семејството. Го видов Михаел по несреќата неколку пати. Секој ден се молиме дека ќе има прогрес. Животот може да биде суров. Тој е толку прекрасна личност и тоа што му се случи е навистина трагично“, додава Браун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...