Битката може да продолжи!

Германецот сигурно ќе се обиде да ја смени енергијата и среќата за да го сопре моментот на неговиот силен колега, почнувајќи со трката во Спа и добро ќе му дојде што Англичанецот ќе стартува од задниот ред поради промената на моторот.

Бркајќи ја првата титула во кариерата, Розберг повторно потклекна под притисок во последните неколку трки, предавајќи ја иницијативата на трикратниот светски шампион. Откако не успеа да победи во првите пет трки поради проблеми со моторот и грешки, Хамилтон сега има шест победи во последните седум трки, додека Розберг очајно се обидуваше да ја спречи оваа низа.



В недела Хамилтон би можел да стигне до 50. победа во кариерата, и иако е тешко да се верува дека тоа ќе се случи, тоа би бил последен удар за самодовербата на Германецот. Доколку по третпат биде второпласиран зад Хамилтон, ривалот од детството, нормално е да се посочи дека Розберг нема да има оправдување, посебно во сезона во која имаше четири победи во првите четири трки од сезоната.

БОРБАТА НЕ Е ЛИЧНА

„Знам дека го имам најдобриот болид на патеката и едвај чекам да се тркам. Сега, како да почнуваме од нула“, вели Розберг.

Тој инсистира дека „тоа што се случило досега во сезоната веќе е во минатото“, јасно е дека на Розберг ќе му треба поцврст однос во преостанатите девет трки од сезоната и дека мора формата на Хамилтон да не ја сфаќа толку сериозно.

Хамилтон, пак, дефинитивно успеа да ги надмине фрустрациите од почетокот на сезоната на најдобар можен начин и не сака да го крие фактот што е пресреќен што е пред Розберг.

„Првата половина од сезоната беше вистински ролеркоустер и сега е одлично да е наоѓам во ваква позиција. Начинот на кој се покажавме, и јас и мојот тим ме прави полн со самодоверба“, изјави Хамилтон, кој има две победи во Спа, вклучувајќи ја минатогодишната, од пол-позицијата.

КЛАСИЧНА ТРКА НА КЛАСИЧНА ПАТЕКА

Патеката во Спа, сместена во Арденската шума, е најдолга на календарот со над 7 километри и е вистинска „класика“ во шампионатот со славните кривини како О Руж и Бланшимон, неверојатно стрмно ритче и непредвидливи временски услови кои можат да предизвикаат еден дел од патеката да биде сув, а на другиот да врне дожд.



Сите овие „состојки“ ја прават Спа вистински „тест“ на возачките квалитети, и таа е една од најпопуларните кај возачите покрај Сузука во Јапонија. За разлика од уште една легендарна патека, Монако, каде што се вози на тесни улици и нема шанси за претекнување, Спа е брза патека, каде што повеќе од 70% од времето се вози под полна гас и има просечни брзини од околу 230 км/ч.

ФЕРСТАПЕН И РЕД БУЛ ЧЕКААТ СВОЈА ШАНСА

Патеката во Белгија исто така е нешто најблиску до домашна патека за 18-годишната сензација на Ред Бул, Макс Ферстапен. Синот на екс-Ф1 возачот Макс Ферстапен, веќе стигна до својата деби победа на Шпанското ГП, а неговиот тим покажа дека е најсериозен конкурент на Мерцедес туркајќи ги Ферари на третото место. Покрај тоа, Ферстапен е роден во Белгија и мајка му доаѓа од оваа земја.

Неговиот колега, Даниел Рикијардо, победи во Белгија за Ред Бул пред две години откако Хамилтон и Розберг се судрија на стартот. Со малку ризик за тоа да се повтори, Ферстапен може да се надева на непредвидливото време.

Во Белгија ќе има едно деби - францускиот тинејџер Естебан Окон ќе вози за тимот на Мејнор, каде што го замени Индонезиецот Рио Харјанто. Со деби во Спа, каде што првпат возеше и неговиот идол Михаел Шумахер, Окон ќе се приклучи на уште еден возач од младинската конкуренција на Мерцедес, Паскал Верлајн во обидот да ги убедат шефовите дека се подготвени за деби во големиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...