Розберг победник во Белгија

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше најбрз на денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Белгија.

Трката возена попладнево во Спа ја одбележаа низа инциденти и откажувања. На почетокот при мал судир на двете возила на Ферари, при што Себастијан Фетел и Кими Раиконен поради оштетувања на болидите ги загубија стартните места. На болидот на Карлос Саинц му се дупна задната десна гума при што тој мораше да ја заврши трката. Најстрашно изгледаше излетување на возачот на Рено, Кевин Магнусен кој ја загуби контролата на болидот. Данецот удри во заштитната ограда и за среќа помина со мали повреди.



По паузата за да биде исчистена патеката од излетувањето на Магнусен, трката продолжи со доминација на Розберг.

Второто место го освои Даниел Рикијардо (Ред Бул), а место на победничкиот подиум избори и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Од четвртото до десеттото место се пласираа: Ник Хулкенберг и Серхио Перез (Форс Индија), Фетел, Фернандо Алонсо (Мекларен), Валтери Ботас (Вилијамс), Раиконен и Фелипе Маса (Вилијамс).

Генерален пласман: Хамилтон 232 бода, Розберг 223, Рикијардо 151, Фетел 128, Раиконен 124, Ферстапен 115,...

Кај конструкторите води Мерцедес со 455 пред Ред Бул со 276, трет е Ферари 252,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...