Сингапур е „патека на Ред Бул“?

Нико Розберг ќе го брка само вториот пласман на подиумот во Сингапур и прв за Мерцедес овој викенд на патека на која смета дека најсилни ќе бидат нивните ривали од Ред Бул.

По фантастичната победа во Монца и „неверојатното чувство“ на подиумот во Италија, Германецот вели дека очекува многу помалку на уличната трка под рефлектори во Сингапур. Германецот беше на подиумот во Сингапур во 2008 како возач на Вилијамс како второпласиран зад Фернандо Алонсо, но по проблемите кои Мерцедес ги имаше на патеката лани, вели дека ќе биде многу тешко да се направи реприза.

„Ќе се сеќавам секогаш на тој подиум во Монца. Но, сега фокусот е кон Сингапур, трка на која не сме најдобри. Во 2008 го имав вториот подиум во кариерата таму, но оттогаш не сум бил на подиумот и тоа е првата цел. Нема да биде лесно. Ова е патека за Ред Бул и го знаеме тоа. Лани бевме многу слаби, но верувам дека проблемите се надминати. Сингапур е кул-град и одлично место за Формула 1. Патеката изгледа спектакуларно и секогаш е интересно таму“, вели Розберг.

И светскиот шампион Луис Хамилтон очекува Мерцедес да има сериозна конкуренција во Ред Бул и Ферари во текот на викендот

„Нема да биде воопшто лесно. Дури и кога победивме во 2014 беше многу комплицирано. Лани го имавме можеби најлошиот викенд во Сингапур и се надевам дека тоа е надминато. Ќе дознаеме наскоро“, вели Хамилтон.

Тој има предност од само два поена пред својот колега Нико Розберг, кој победи на последната трка во Италија, каде што Британецот се избори за второто место по паѓањето на шестото место во првиот круг.

„Монца не заврши според планот, но сепак сум во феноменална позиција. Водиме во двата пласмани и сè уште има многу работи кои можеме да ги направиме до крајот на сезоната“, вели Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...