Берни ќе замине ако го „контролираат“

Берни Еклстоун ќе си замине од Формула 1 ако новите сопственици „Либерти медија“ му се мешаат во водењето на бизнисот, смета поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли.

Американската компанија го откупи мнозинскиот дел од акциите на Ф1 и во преодните три години Еклстоун ќе работи покрај потпретседателот на „Твентифрст сенчри фокс“, Чејс Кери.

„Овие луѓе може ќе побараат поактивна улога и ќе сакаат да водат бизнис на начин на кој ќе се судрат со Берни. Најверојатно ќе има соработка. Меѓутоа, тие веднаш мораат да прават план за наследство, освен ако Берни не е бесмртен. Се сомневам дека ќе има големи промени“, вели Мозли, кој е добар пријател со Еклстоун.

„Либерти“ објавија дека како дел од промените, на Ф1 тимовите ќе им биде дозволено да купат акции во спортот, но Мозли, кој беше претседател на ФИА од 1993 до 2009 и имаше голем број на судири со тимовите, вели дека тоа е клучна грешка.

„Кога тоа ќе се случеше во било која форма на моторспорт, тоа не функционираше. Потребно е независно тело кое ќе ги спроведува правилата и ќе направи атрактивна ситуација за тимовите, но и спектакуларна за гледачите. Затоа тимовите не треба да кажуваат како да се води Ф1“, вели Еклстоун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...