Розберг: „Уште има почит меѓу мене и Луис“

Нико Розберг вели дека уште постои почит меѓу него и колегата од Мерцедес, трикратниот светски шампион Луис Хамилтон. Розберг победи во неделата во Сингапур, за трет триумф едноподруго и за враќање на водството во генерален пласман и тоа на неговата 200. ГП трка.

Хамилтон прво изјави дека не гледа зошто би му честитал за неговата 200. трка, но потоа беше првиот кој му честиташе по триумфот, кажувајќи убави зборови за ривалот. Розберг не е зачуден од односот на ривалот.

„Не се чудам бидејќи почитта уште е тука. Имав добар викенд и нормално е тој да го честита тоа. И јас го правам истото“, вели Розберг во интервју за „Ауто билд“.



Тој, сепак, не сакаше да коментира дали е способен да ја задржи предноста и во преостанатите шест трки од шампионатот. Сепак, беше среќен кога чу дека шефот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека се наоѓа во „најдобрата форма во животот“.

„Добро е да се чуе тоа. Кул зборови од Тото“, додаде Розберг.

Самиот Волф не сакаше да го „отпише“ и Хамилтон, кој повторно имаше потпросечна трка.

„Го познавам Нико од 2013 и ова е најдобриот Нико Розберг кој сум го видел во тркачки викенд. Имам обичај да кажувам дека Луис е многу брз, но сега Нико беше навистина супер-брз. Тој беше шест десетинки од секундата побрз од било кого во Сингапур. На тоа не сме навикнати. Сега повторно имаме менување на динамиката во борбата за титулата, и тоа беше случај и последните две години. Ќе видиме што ќе се случи во Малезија“, изјави Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...