Шуми не може ниту да стане, ниту да оди

Семејството на Михаел Шумахер мораше да го прекине молкот околу неговата здравствена состојба, потврдувајќи дека седумкратниот Ф1 шампион сè уште не може ниту да стои, ниту да оди. Ова беше потврдено преку нивниот адвокат, Феликс Дам во судскиот случај против германскиот магазин „Бунте“, кој тврдеше дека Германецот веќе самиот оди. Дам потврди дека 47-годишниот најуспешен Ф1 возач во историјата не може да оди ниту со помош од лекарите.



Шумахер беше на одмор со сопругата Корина и децата Џина-Мари (19) и Мик (17) во Мерибел, Франција,во декември 2013 кога падна на скијање. Тој падна на главата и веднаш беше однесен во болницата во Гренобл каде што имаше две операции. Лекарите тогаш изјавија дека тој ќе го загубел животот да не носел кацига. По долгата медицински индуцирана кома од шест месеци, тој беше префрлен во домот во Швајцарија за продолжување на третманот.

Оттогаш неговото семејство строго ги контролираше информациите околу неговото здравје. Магазинот „Бунте“ тврдеше дека Шумахер е ослабен, но дека оди одвреме навреме со помош на лекарите и дека може да ја движи раката. Случајот против „Бунте“, кој треба да добие завршница следниот месец, доаѓа еден месец откако поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло изјави дека Германецот полека реагира на третманите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...