Батон: „Хамилтон е најбрз, Алонсо е најкомплетен“

Џенсон Батон, човекот кој е во Формула 1 од 2000 година, ги оцени своите тимски колеги во кариерата велејќи дека актуелниот трикратен шампион Луис Хамилтон е најбрз, додека Фернандо Алонсо, сегашниот колега е најкомплетниот возач.

Батон во 2000 дебитираше покрај Ралф Шумахер во Вилијамс, и смета дека тој и колегата од 2003 Жак Вилнев се најтешките противници, но повеќе поради односот отколку квалитетите.

„За атмосферата најтешко беше со Ралф или со Жак. Бев млад и тие не сакаа млад возач кој би бил побрз од нив. Потешко беше со Жак, но сезоната беше одлична и забавна“, вели Батон.

Тој подоцна беше партнер со Хамилтон во 2010 и со Алонсо од минатата година.

„Во чиста брзина Луис е најдобриот. Тој можеше да извади неверојатна брзина на квалификациите и да ве остави да се чудите. Можевте да го видите неговиот талент од почеток. Но, во трките некогаш е непостојан. Можеби најбрзиот човек по Аиртон Сена. Но, Фернандо е најкомплетниот возач. Тој е екстремно интелегентен и знае како да го добие тоа што го сака од тимот. Во трките пак, секогаш е тука, без разлика дали е пред или зад тебе. Не можеш да се ослободиш од него“, вели Батон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...