Хамилтон се смири, ја врати довербата во Мерцедес

Откако победата му избега од раце на Малезиското ГП, Луис Хамилтон влезе во остар напад на својот тим Мерцедес, велејќи дека „некој или нешто не сака тој да стане шампион“, но откако го смири темпераментот, реши дека вината не е во тимот туку во околностите.

„Искрено, морате да ја сфатите и мојата гледна точка. Од една страна го имавме неверојатниот успех последните две години за што сум благодарен на Мерцедес. Момците работат напорно и сите не боли сега. Но, кога ќе излезете од болид со кој сте воделе и кој откажал, тешко е да се кажат позитивни работи“, вели Хамилтон.

Тој сега вината ја префрли на неговата среќа.

„Некој не сака да победам. Повисока сила. Се чувствувам како Бог или некој интервенира тука. Чувствувам дека сум бил благословен со многу шанси, прво со овој тим во последните две години. Морам да бидам благодарен на тоа“, додава Хамилтон.

Проблемите со постојаноста го следеа Хамилтон и на стартот на сезоната, кога губеше со 43 поени од Розберг по првите пет трки, но успеа да се врати во борбата за титулата пред летната пауза, кога имаше 19 поени предност. Меѓутоа, со загубените поени во Малезија тој има 23 поени заостанување на пет трки пред крајот, почнувајќи со Јапонското ГП во недела.

„Ова не е мојата најниска точка. Имав и полоши денови во Ф1. Во однос на тоа колку можеш да направиш, да, сега сум беспомошен. Но, ќе се обидам да најдам сила однатре за следните трки надевајќи се дека можам да имам добар викенд. Во првиот дел од сезоната имав чувство дека работите ми бегаат од рацете, но потоа дојдоа добрите резултати. Не знам што ќе се случи во следните пет трки, но можам да продолжам вака и да имам верба во тимот“, објаснува Англичанецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...