Италијанскиот печат се „сврте“ против Фетел

Италијанскиот печат влезе во напад на Себастијан Фетел по неговото катастрофално Малезиско ГП велејќи дека возачот број 1 на Скудерија е во „криза“. Растот на тимот од Маранело потфрли во втората половина од 2016 година додека Германецот е под сè поголем притисок од колегата Кими Раиконен.



Фетел беше наречен „идиот“ од страна на Макс Ферстапен по судирот на првата кривина во Сепанг, во кој го изврте Нико Розберг, додека самиот Германец го нарече сонародникот „четирикратен шампион надвор од контрола“.

„Јасно е дека на Ферари итно им треба успешен возач. Колку што Ред Бул стануваат посилни, толку повеќе не го препознаваме Себастијан“, се вели во дневниот весник „Кориере дела сера“.

„Ла Република“, пак, вели дека Фетел, човекот познат по неговиот испружен прст за првото место и големата насмевка, „веќе не се смее“.

„Дали Маранело го потопи најскапиот возач во историјата на Ферари, или Фетел го загуби талентот и брзината?“, се прашуваат во римскиот весник.

„Корере дело спорт“ посочува дека ова не е прва грешка на Фетел оваа година.

„Тажно е да се види како тој не ја презема одговорноста за грешките“, велат од весникот.

Сепак, „Ла газета дело спорт“ најде начин да ја „подели“ вината, коментирајќи дека „ако Себ е во криза, тоа е вина на Ферари“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...